Емитер 6/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
50-години од летот на првата жена во вселената, Валентина Терешкова;
Пластична замена за природните антитела;
Таум Саук, моќна нова технологија;
EISA дуо соло Cambridge Audio Azur 851A;
Загубената меморија се враќа;
Г-ММ во нов деловно-изложбен простор;
Награди за македонските пронаоѓачи на изложбата во Белград;
Безконтактна репродукција со Contact на Kaiser Baas;
Големо езеро на сатурновата Месечина Титан;
Печатени соларни ќелии;
Најголема електрана на бранови;
Нов преносен систем за прочистување на водата за пиење;
Кабтел се здоби со престижниот трофеј "The Best Business Initiatives" од Kaspersky Lab;
"Project Glass" на Google – очила кои ќе ги заменат паметните телефони?;
Акантамеба
Безконтактнарепродукција со Contact на Kaiser Baas
Какво Bluetooth и каков Wi-Fi, па тоа се веќе минати работи. Новата аудиотехнологија работи со едноставно потпирање на вашиот телефон/таблет врз звучната кутија, по што веднаш може да £ се препуштите на музиката. На овогодишниот CES на штандот на RCA, веќе беа презентирани уреди со "SoundFlow", технологија која работи врз принципот на Near Field Audio (NFA). Се работи за нов безжичен аудиоконцепт, којшто беше промовиран под мотото "едноставно функционира". Што ли сакаа да кажат со ова? Па, принципот е следниот: Пуштате музика од вашиот телефон (или портабл уред), пуштате некаква музика преку неговиот звучник, го поставувате телефонот/таблетот врз другиот звучник, и звукот се засилува. Нема потреба од инсталирање управувачки програми и од засебна синхронизација, а уредот не употребува ниту Near Field комуникациска технологија, и покрај неговото име.
Contact на Кајзер Бас е активен звучник со големина на помала тула, се напојува со помош на три АА батерии или преку microUSB портата за напојување (доколку не сакате да користите батерии) и има 3,5mm line-in влез (но во пакетот не е вклучен 3,5 mm стерео аудиокабел). Во пакетот се вклучени два гумени граничника, што му овозможуваат избор на бојата на уредот во црвена или во зелена варијанта, како и мала торбичка која ќе го заштити уредот при пренос.
Како и на секој активен звучник, така и на овој може да се приклучи уред преку споменатата 3,5mm аудиопорта, но покрај ова, постои уште еден начин за зголемување на гласноста на вашата музика. Применувајќи ја NFA технологијата, Contact на Кајзер Бас може да го засили звукот којшто веќе доаѓа од вградениот звучник на уредот кога тој ќе дојде во контакт со неговата површина. Едно од главните прашања во врска со NFA е, за чудо, како тоа функционира?
За време на презентацијата на CES, еден претставник на RCA кажа дека најверојатно се работи за начинот на којшто вградените намотки во Кајзер Бас го фаќаат звукот што се емитува од намотките од звучничето на телефонот или таблетот. Па така, звучникот Казер Бас во основа дејствува како засилувач на аудиосигналот којшто се емитира од вградениот звучник во телефонот. Ова е во согласност и со прегледот на производот, iFrogz кој работи на NFA принцип прикажан во списанието Sound&Vision. Како и да е, едноставниот принцип на допир функционира – вклучете го Contact, поставете го вашиот уред врз него и уживајте во музиката. Иако Contact не нуди и регулација на тонот, гласноста на звукот можете да ја зголемите преку опциите на вашиот уред. Но, преголемата гласност значително влијае врз квалитетот на звукот.
Повеќе информации можете да најдете на http://www.kaiserbaas.com/music/contact_speaker
Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.