Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Откриена џуџеста планета која го редефинира сончевиот систем;
Cloud безбедносниот систем на Волво;
COSMOS LCD – рачен дигитален микроскоп;
"е-кожа" опремена со меморија;
Бандажи од карбонски влакна;
Дали е на повидок "YahooTube"?;
Cambridge Audio Azur 851W;
Имплантите ја носат борбата во туморот;
Биолуминисцентни дрвја еден ден ќе ги осветлуваат улиците;
Кога птеросаурусот владееше со небото;
SKF топлински камери;
Пејсмејкер во мозокот;
Ментални проблеми од бессоница;
Замрзнати млазеви од вода на Јупитеровата месечина Европа?;
Статистика за резервите на вода на Земјата;
Производите на Интел без "валкани" минерали

Имплантите ја носат борбата во туморот
Сегашниот стандарден третман со хемотерапија го преплавува целото тело со отровни хемикалии коишто ги напаѓаат сите клетки што се делат. На овој начин страдаат и “невините жртви” како фоликулите од влакната, клетките коишто ги обновуваат цревата и клетките од коскената срж. Токму поради ова хемотерапијата има ограничување на дозата којашто може да му се даде на болниот.
Тим од научници од Универзитетот во Единбург тврдат дека развиле метод којшто овозможува лекот за ракот да стане токсичен дури откако ќе пристигне до туморот. Техниката којашто беше објавена во списанието Nature Communications во февруари годинава е изненадувачки едноставна. Слично на ставање чеп врз шише со отров, токсините од лекот се затвораат со тенок слој хемикалија. Глобула од паладиум се вметнува во туморот, и таа делува како “вадичеп”. На овој начин товарот со лековите се отвора, и токсичните супстанции се активираат дури откако ќе стигнат до туморот.
Кога туморот во пациентот е преголем за да се отстрани со оперативен зафат, лекарите треба пациентот да го третираат со големи количини хемотерапија која може и да го убие пациентот. Со овој начин на таргетирано доставување на лекот пациентот може безбедно да се изложи на поголеми дози. Вметнувањето паладиум во туморот се врши со мал хируршки зафат.
Засега научниците успешно ја испробале методата врз риба-зебра, употребувајќи го притоа лекот 5-флуороурацил. Токсичноста на лекот ја изолирале со слој од пропаргил. Паладиумот во вид на наночестички вметнати во кугла од полистирен со дијаметар до 150µm го катализирал разградувањето на полипропагилната група која го реактивирала лекот.
Паладиумот се смета за нетоксичен елемент и тој веќе се употребува кај забните импланти. Пред да се започне со тестирање на третманот на луѓе, планирани се опити врз глувци, а според медицинскиот тим кој го разработи механизмот, фармацевтската индустрија покажала значителен интерес за овој вид третман.
Н. Стојановска

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.