Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ултрамал PC;
Новооткриените егзопланети се гас и прав?;
Sony со нов телефон со 6,4-инчен екран;
CD репродуктор Cambridge Audio Azur 851C;
Иднината на производство на компјутери е во бактериите што јадат железо!?;
Хомо флоренсис сепак е посебен вид хоминид;
CAD U2 USB стереослушалки со микрофон;
Информотерапија – дали е тоа медицина на иднината?;
Дигитални уметнички дела;
Нов водоотпорен паметен часовник од Sony;
Левитација и придвижување предмети со звук;
Tricorder Scanadu Scout – уред инспириран од "Ѕвездени патеки";
DayFlo 1050 Chroma Key Studio;
Чувајте го црниот дроб;
Дали е безбедна храната што паднала на под?;
Зошто се јавува чешањето?

Tricorder Scanadu Scout – уред инспириран од "Ѕвездени патеки"
TRICORDER Scanadu Scout е медицински уред инспириран од "Ѕвездени патеки". Верувале или не, овој чудесен уред од светот на фантастиката ќе биде прогласен за уред на 21. век. Уредот е во состојба за 10 секунди да даде податоци за работата на срцето, температурата на телото, нивото на кислород во крвта, дишењето, крвниот притисок, нивото на стресот и ЕКГ! И сето тоа со едноставно допирање на уредот врз челото. За сите овие прегледи не е потребно земање крв, методата е неинвазивна, пациентот може да биде и во несвест. Овие идеални особини го прават уредот таков, што се смета дека со неговата употреба за десетина години ќе нема потреба од превентивна медицина.
Изумител на овој уред е Scanadu, основач и директор на Walter de Brouwer. Компанијата Brouwer е фирма формирана од NASA Ames Research Center (Научен истражувачки центар на НАСА), во Moffett Field, Калифорнија. Кога ја започнал кампањата за собирање средства со кои ќе го реализира проектот Trikorder Scanadu Scout, Scanadu планирал да собере средства во износ од 100 000 долари. Бил изненаден кога за многу кусо време, неполн месец, биле собрани дури 1,18 милиони долари.
Инаку, моделот Scout користи технологија со која реалниот живот на земјата се прилагодува на услови во вселената, а како оперативен систем користи 32-битна RTOS Micrium платформа, која е користена и при дизајнирање инструменти на НАСА за роверот Кјуриосити за мисијата на Марс.
Се разбира дека уредот, пред да биде пуштен на пазарот за широка потрошувачка, ќе мора да добие дозвола од Светската здравствена организација, а според пресметките, би чинел 199 долари, отприлика колку што чини еден апарат за мерење крвен притисок.
Калина С. Андонова

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.