Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Научниците пронајдоа нови начини за употреба на плазмата;
Sony MHS-PM1 Webbie HD џебен HD камкордер;
Произведена најефикасната соларна ќелија;
"ХАБЛ" забележал судир на две ѕвездени јата;
iPad Mini веќе во октомври?
AVENUE - 9430 & 9440 Fleksibile Matrix Router за 3G/HD/SD/ASI;
Биолошки компјутери;
Лоши вести за Душко Долгоушко: Морковот е опасен за зајаците!
Каде во светот е најдобро да се студира;
Површината на арктичкиот мраз достигна рекордно намалување;
Вештачки создадениот "медузоид" плива кон вештачко срце;
TIFFEN STEADICAM SMOOTHEE – стабилизатор за мобилен телефон;
Македонска презентација на HP Ink Advantage;
Безжично полнење на уреди од Интел;
Демонстрирана работата на првиот квантен рутер;
Чевли со вграден GPS-предавател за болните од Алцхајмерова болест;
Роверот CURIOSITY се придвижи;
Мини Трипод;
Мозокот може да спие и буден?

Каде во светот е најдобро да се студира
Иако можеби немате шанса да заминете на студии надвор од нашата земја се надевам дека овој текст ќе ви биде интересен, а можеби овие информации ќе ги искористите на некој начин во некои подобри времиња за дооформување на вашето образование.
Познатата мрежа за глобална едукација и развој на кариера QS (Quacquarelli Symonds), издаде листа на светски градови за 2012. година, во кои е најдобро да се студира. Според резултатите од истражувањето и анализата на податоци од 12 критериуми, кои вклучуваат цена на студиите, квалитет на сместување, рејтинг и углед на универзитетот, задоволство од општествениот живот, можности за добивање степендија, можност за попатна заработувачка, квалитет на едукацијата и друго, на QS-листата на која има 50 светски градови за 2012. година, првите места ги зазеле европски градови.
Аналитичарите од QS ѝ дале највеќе бодови на Европа за квалитет на студентскиот живот и за цените на студирање, кои во градовите како што се, на пример, Париз, Виена, Цирих и Берлин, се движат под 1000 долари по година, за разлика од 30 000 долари, колку што чини една година на најдобрите универзитети во САД. Затоа и не е чудно што на оваа топ-листа 20 градови се од Европа, по 9 од Северна Америка и Азија, и 4 од Латинска Америка. Иако Лондон собрал најголем број бодови за квалитетот на наставата на своите универзитети, Париз поседува најголем број меѓународни угледни институции, па затоа има најдобар просек според сите други критериуми и е на прво место на листата.
Директорот на QS Нунцио Квакуарели (Nunzio Quacquarelli) по повод објавувањето на оваа листа изјавил: "Одењето на студии на некој универзитет е многу повеќе од бирање престижен универзитет. Кога ќе се изанализираат сите фактори, градовите во Европа, Австралија и Азија нудат значајни предности за студирање. Ова треба да се има предвид при изборот на земјата во која би се одлучиле да заминете на студии или на доусовршување".
На http://www.topuniversities.com/student-life/best-student-cities/2012, можете да се запознаете со сите критериуми по градови подетално.
К.С. Андонова

Површината на арктичкиот мраз достигна рекордно намалување
Површината на арктичкиот мраз перманентно сателитски се следи од 1979 год. Набљудувањата покажуваат дека таа годишно варира помеѓу некој минимум и некој максимум. Имено, од есен мразот започнува со проширување на неговата површина, во зима го достигнува максимумот, потоа, од пролет таа се намалува, така што во лето е на минимум. Така ние имаме синусоидна крива на варијациите на површината на арктичкиот мраз. Во периодот 1979 – 2000 год. варијациите меѓу минимумот и максимумот во просек беа, главно, во исти граници. Меѓутоа, во 2007 год. минимумот драстично падна под просечниот износ и досегна рекордно ниска вредност (види ја сликата во прилог)! Но, еве сега, во 2012 год, тој рекорд е соборен веќе на 26 август, иако на тој датум сè уште не е завршено намалувањето на површината на мразот, туку според мерењата во претходните години, намалувањето ќе трае отприлика до 16 септември! Колку ли ќе опадне до тогаш?
Ова сериозно ги загрижува климатолозите, особено поради тоа што овој тренд перманентно се забрзува! Имено, мразот како посветол главно ги рефлектира сончевите зраци, додека морската вода како потемна нив главно ги апсорбира, што неминовно води кон сè побрзо топење на мразот. Во дневниот печат често може да се прочитаат "оправдувања" за ваквиот тренд, меѓутоа тука се фактите, а тие го покажуваат следното: Земјата глобално се загрева. Стапката на загревање во минатиот век перманентно била во пораст. Порастот кореспондира со времето на индустриската револуција, кога човекот започнал да испушта штетни гасови во атмосферата, причинители на ефектот наречен "стаклена градина". Денес тој испушта 30 милијарди тони годишно такви гасови, т.е. 100 пати повеќе отколку што испуштаат сите вулкани заедно! Конечно, приближно 97% од климатолозите се согласни дека глобалното затоплување на Земјата е реалност и дека тоа е предизвикано од човекот!
Петар Лагудин

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.