Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Суперспроводливоста се потпира на два феномена,
Тајниот костум на Спајдермен;
Засилување на армадата GeForce;
Гравитациските бранови ќе бидат детектирани за 5 години;
Уапсен основачот на The Pirate Bay;
Научниците произвеле проѕирна земја;
Дали зависноста е наследна?
Рамна леќа која дава совршена слика;
Потрага по екстрасоларни месечини;
CD-то го прослави својот 30-ти роденден;
HP го претстави вистинскиот таблет наменет за бизниси-корисниците;
Најмоќниот млазен мотор на светот;
Првиот храм во историјата;
Лебарка со уред за далечинско управување;
SONY ја промовираше својата супертенка PS3-конзола;
Вакцина против дебелеење;
Височината на облаците се намали;
Биолуминисцентни бактериски светилки;
Зошто старата хартија пожолтува?

Лебарка со уред за далечинско управување
Малата одвратна лебарка, која многумина не можат да ја смислат кога ќе ја видат во својот стан, на грбот ја натовариле со електронски уред со чија помош може да се управува нејзиното движење. На овој начин е создаден единствен животински киборг, на кој му е одземена волјата за движење по сопствен избор и желба.
Иако на многумина љубители на животни нема да им се бендиса овој изум, научниците и истражувачите велат дека овој изум би можел да биде многу корисен бидејќи во следната фаза тие имаат намера лебарката да ја опремат со камера и со друг вид на сензори, и во тој случај таа би можела да се користи во потрага по затрупани жртви од земјотрес и од друг вид катастрофи. Исто така, со ова се нуди и можност за користење на лебарките и за шпионажа, а во крајна линија, со усовршување на изумот, може да дојде и до контролирано движење дури и на луѓето.
Научниците тврдат дека во овој експеримент не треба да се бараат никакви етички пречки и велат дека е многу поедноставно да се претвори бубачка во биоробот, отколку да се произведат роботи со толку мала големина. Исто така, тие тврдат дека немаат намера овој изум да го ставаат врз грбот на цицач, а особено не на луѓе, иако многумина претпоставуваат дека овој изум би можел да се применува и врз деца и стари луѓе што имаат проблем со ориентацијата и со движењето.
Кога сме кај овие гадни и непријатни мали суштества, еве уште едно истражување поврзано со нив. Лебарките би можеле да помогнат во уништувањето на многу штетни бактерии што не може да ги уништи ниту еден антибиотик. Во мозокот на лебарките, како и на некои скакулци, се наоѓаат антимикробни споеви кои 90 отсто можат да ги уништат отпорните бактерии, како што се E.coli, MRSA и некои видови стафилококи. Благодарение на овие антимикробни материи, лебарките преживуваат во канализација, на мртво распаднато ткиво и на најнечисти простори.
Тим истражувачи на Универзитетот во Нотингем екстрахирале делови од мозок на лебарки и скакулци кои ги одгледале во лабораторија и со нив делувале на бактерии. Само за една ноќ, бактериите биле 100% уништени. Ова внесува надеж дека и најтешките инфекции би можеле да се лечат благодарение на лебарките!
Калина С. Андонова

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.