Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Енигмата на сајфертовите галаксии;
Многу се зборува за биткоин, всушност, што е тоа?;
Направен прв дијаграм на врските во мозокот на еден гушец;
Безжичен уред што ја собира изгубената енергија;
XXXIII државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта;
Чудни конусни облици на површината на Марс;
Бошовиот ремен на притисок;
Putnisite – новооткриен минерал;
Енигмата на ѕведите со променлив сјај;
Бавниот интернет заминува во историјата;
DK-Technologies го прикажа својот нов DK T7 Audio Meter;
Сериско производство на "KIA SOUL EV";
Продукти коишто го намалуваат холестеролот

Безжичен уред што ја собира изгубената енергија
Користејќи евтини материјали, инженерите од Универзитетот Duke осмислиле уред сличен на соларните панели со кои може да се собира изгубената енергија и да се претвора во електрична. Уредот по бежичен пат би ги претворал микробрановите сигнали во еднонасочна струја со која потоа можат да се полнат батерии на мобилни телефони и некои други помали уреди кои не бараат многу енергија за да функционираат.
Уредот ќе работи на сличен принцип како и соларните панели коишто светлосната енергија ја претвораат во електрична. Исто така, овој уред би можел да собира енергија и од други извори, како што се, на пример, сателитските сигнали, звучните сигнали или Wi-Fi сигналите.
Уредот ќе користи материјали што собираат енергија од разни видови сигнали во вид на бранови, а потоа со нагодување ќе биде приспособен за разни апликации. Досега работата е воглавно на теоретско ниво, но инженерите од Универзитетот во Duke тврдат дека не е далеку денот кога уредот ќе биде изработен за апликации за широка потрошувачка.
На пример, таков метаматеријал би се поставил на плафонот во одредена просторија за да собира “растурени и изгубени” Wi-Fi сигнали, а таа енергија би ја користеле за своите уреди оние што се во просторијата. Со додатни подобрувања и доработки, такви метаматеријали би можело да се вградуваат и во самите мобилни телефони, во таблети и друго, за да си се полнат сами!
Ловејќи енергија од сателитите коишто кружат околу Земјата, би можеле да се полнат со вакви уреди сензорските мрежи на оддалечени и непристапни места, како што се планините и пустините, тврдат инженерите од тимот што работи на овој интересен проект.
Калина С. Андонова

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.