Емитер 4/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Android за автомобили;
Операција на мозок без отворање на черепот;
Toshiba Stor.e Art 4;
Џиновски прстен од црни дупки;
Intel Learning Series - наградени 8 училишта и 9 наставници;
Марко Чаласан напиша книга за Windows 7;
Помош за справување со прекумерната тежина;
Елементарни честички кои ги збунуваат физичарите;
Климатските промени ги скараа научниците;
Нова ера во дигиталното печатење;
Активни вулкани на венера?;
SSD за USB 3.0;
Инсект за биоконтрола;
И природата создава хибриди;
Првата уретра од епрувета;
Прва награда за "Бабините игри";
AMD Catalyst 11.2
Прва награда за "Бабините игри"
Старите и подзаборавени игри ја освоија Гранд При наградата на 8-миот Европскиот Форум на Иновативни наставници – "Educators Choice", кој се одржа во Москва од 21 до 25 март. Проектот "Бабини игри", на наставниците Марина Василева од О.У. "Кирил и Методиј" – Скопје и Добри Јовевски, О.У. "Илинден" – Крива Паланка победија во конкуренција од 80-тина наставници од 40 Европски земји, со што се стекнаа со право да ја претставуваат нашата земја на Светскиот Форум за Иновативни наставници, кој ќе се одржи во ноември оваа година во Вашингтон, САД.
Победниците на националните првенства ги претставуваа своите проекти и од нив беа избрано 6 победници, меѓу кои и од нашата земја, а на 18 други им беа доделени признанија за напорите за воведување на технолошките достигнувања во наставниот процесс. Сите победници и добитници на признанија ќе учествуваат на Светскиот форум на иновативни наставници.
"Јанино, јанино", "Џамија", "Чавкина уста", "Плочка", "Мижи баба", "Дама", "Пет каменчиња" се само дел од многуте игри кои го одбележаа детството на нашата, средна генерација. Навраќањето кон детството се покажа не само како добитна комбинација, туку е и добра можност најмладите генерации да се насочат кон сето она кое треба да го одбележи детството, а тоа е дружењето и колективните игри.
"Целта на проектот е да се отстранат негативните влијанија на пасивните и агресивните сајбер-игри преку креативно користење на технологијата во наставата. Нашите деца не знаат да играат на ливада, не разговараат меѓусебе, имаат повеќе "онлајн френдови" отколку вистински пријатели, а долгото седење пред компјутер и телевизор доведува и до зголемување на нивната телесна маса. Затоа осмисливме електронски прирачник за оживување на детските бабини игри од различни региони на земјата, кои нудат вештини за креативно размислување, тимска работа и решевање проблеми од наставниот процес. Со овие традиционални игри се овозможува интеркултурен дијалог меѓу децата преку онлајн комуникација и видеоврски на училиштата од различни региони", истакна наставникот Добри Јовевски.
"Успешноста на проектот е во тимската работа и соработката меѓу учениците и наставниците од различни региони и различни јазични подрачја. Во проектот беа опфатени македонскиот, албанскиот и српскиот јазик од чист и мешан состав на ученици, кои ги истражуваа игрите на нивните баби, ликовно ги претставуваа и ги утврдуваа правилата на игра преку компјутерска обработка. Посебно би ја истакнала важноста на менторскиот пристап на учениците, при што од секоја игра е пронајдена алка која е поврзана со наставната програма. Така, на пример, игрите Плочка и Дама се врзуваат со изучувањето на разните геометриски форми и величини, како и со хемијата. Тоа значи дека тие учат преку игра, на многу поинтересен и попривлечен начин", истакна наставничката Василева.
Зоран Ивановски
Intel learning series - наградени 8 училишта и 9 наставници
Во рамките на Intel Learning Series програмата, во Скопје, на 30.03.2011, во присуство на 300 гости, година Intel ги објави наградените наставници и училишна на национално и регионално ниво. Во програмата учествуваа 400 наставници и 137 училишта, што на вистински начин ја илустрира мотивираноста на училиштата и наставниците на користат, имплементираат и придонесат за интегрирањето и користењето на информатичката технологија во секојдневните предавања во училиштата.
Шампиони во усвојувањето на технологијата беа осум училишта. На национално ниво, наградата "Користење на технологијата и иновацијата" ја освои основното училиште "Илинден" од Крива Паланка. Ова училиште како награда доби дигитален проектор, кој ќе се користи во наставниот процес.
На регионално ниво училишта кои добија признанија се О.У. "Кирил и Методиј" – Кочани, О.У. "Климент Охридски" – Битола, О.У. "Рилиндија" – Тетово, О.У. "Вера Јоциќ" – Скопје, О.У. "Крсте Мисирков" – Гевгелија, О.У. "Ванчо Николески" – Охрид и О.У. "Блаже Конески" – Велес.
Од наставниците, на Национално ниво наградата ја доби наставникот Добре Јовевски од О.У. "Илинден" – Крива Паланка. Наставникот и неговата училница добија Classmate персонален компјутер со Intel процесор, кој освен тастатура функционира и на допир, како и дигитална камера.
Наставници, признати како иноватори и наставници на 21 век на регионално ниво се Даниела Георгијева (О.У. "Браќа Миладиновци" – Пробиштип), Каролина Неделковска и Лидија Недановска (О.У. "Коле Калински" – Битола), Валдета Алија (О.У. "Кирил и Методиј" – Тетово), Марина Василева (О.У. "Кирил и Методиј" – Скопје), Јелена Черепналковска (О.У. "Петар Поп Арсов" – Скопје), Марија Манчева (О.У. "Манус Турновски" – Ново Село), Вишња Дураковска (О.У. "Климент Охридски" – Струга) и Вера Трчкова (О.У. "Даме Груев" – Градско). Сите добија награди флип камери за користење во наставата, додека нивните ученици украсни капаци за нивните Intel-powered Classmate компјутери.
Зоран Ивановски
Првата уретра од епрувета
Живееме во свет каде што голем дел од проблемите со здравјето се решливи со едноставно земање на таблети и капсули. Но, што се случува кога е потребна замена на орган? Листите за чекање се долги, а времето на чекање понекогаш премногу долго за пациентот да го дочека потребниот орган кој му е потребен итно. За некои од оштетените органи постојат и вештачки замени, но тие не секогаш функционираат како што треба и телото не секогаш го прима туѓото тело.
Таков случај е со оштетената уретра (мочниот канал). Досега стандардна процедура беше замена на оштетената уретра со вештачка, но процентот на успешност на процедурата е 50%. За оние пациенти кај кои процедурата не е успешна, ова значи цел живот проследен со уринарни инфекции и инконтинеција (неможност да се контролира мокрењето).
Пет момчиња на возраст од 10 до 14 години чија уретра била оштетена како последица на несреќни случаи се првите пациенти кои беа подложени на новиот неконвенционален третман од страна на д-р Ентони Атала (Anthony Atala) и неговите колеги од Институтот за регенеративна медицина при Универзитетот Вест Лејк во Северна Каролина, САД. Тимот најнапред земал парче ткиво не поголемо од поштенска марка од бешиката на секој од пациентите. Поточно тие земале примероци на мускулни и ендотелијални клетки од кои се составени повеќето од каналите и капиларите во човечкото тело, меѓу кои се наоѓа и мочниот канал – уретрата.
По изолирање на клетките потребни за создавање на специфичното ткиво, потоа ги умножиле со култивирање кое траело неколку недели сè дури бројот на клетки не достигнал приближно 100 милиони, што било приближно на бројката потребна за продолжување на процесот. Со употреба на истиот материјал од кој се изработуваат саморазградливите конци (кои се употребуваат при хируршки зафати), тимот создал малечка цевчеста мрежичка на чиј надворешен дел внимателно ги додале мускулните клетки, додека од внатрешната страна на цевката ги вметнале заштитните клетки (за ѕидот на уретрата) во внатрешниот дел. Клетките биле оставени на инкубација во времетраење од уште една недела со цел подобро да се приврзат за мрежичката по што добиениот орган бил имплантиран во телото на пациентите. По шест години од процедурата, врадените мочни канали функционираат беспрекорно исто како и да се природни.
Но, како научниците се сигурни дека процедурата била 100% успешна по само 6 години од имплантацијата? Па, пациентите се сега потпораснати и навлегуваат во тинејџерството, а имплантираните вештачки уретри пораснале заедно и сразмерно со остатокот од телото што значи дека нивното тело ги детектирало всадените ткива (минус саморазградливата мрежичка) како дел од себе.
Во 2009 година истиот тим од научници всади вештачки бешики во девет пациенти, додека пак други тимови од научници со употреба на стем-клеки од пациенти успеале да култивираат дишни канали, па дури и замена за вилица. Иако никој сè уште не успеал во создавање на цел орган како џигер или бубрег, Атала и неговиот тим се надеваат дека нивната процедура ќе може да се употреби за реконструкција на други цевчести структури во телото какви што се на пример крвните садови.
Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.