Електроника

Во последно време присутен е еден негативен тренд во аудиотехниката: На сè што е врзано со електронски ламби му се припишуваат "волшебни" својства и тие априори се категоризираат како High-End, односно како езотерични. Ова подредување оди до таа мерка што се деградираат самите поими High-End, односно езотерика. Во овој мал серијал, преку конкретна реализација, ќе се обидам да го промовирам вистинското значење на овие два збора.


Електроника

Како ниедна друга научна дисциплина, електрониката, уште од појавата на првата електронска ламба – Аудионот во 1906 година, бележи неверојатен подем. Токму во предвечерјето на прославата на нејзината стогодишнина – во 2005 година, славеникот за малку ќе го однесевме на смртна постела. Од каде и е таа моќ на електрониката и понатаму да претставува водечка движечка сила во науката? Сила која несебично ги поттикнува другите научни дисциплини на напредок!


Автомобилска техника

Навистина, зошто хибриден погон за автомобилите? Зошто да е сложено кога може да е едноставно? Автомобилите на хибридно електричен погон (HEV) се многу сложени конструкции – вистинско ремек-дело на современата техника, но причината за нивното појавување е едноставна: тоа е скорешното исцрпување на резервите на нафта во земјината утроба, потоа сè поголемата моторизација на населението и енормно високото загадување на животната средина, особено во градовите.


Астрономија и астронаутика

Од донесувањето на одлуката за изградба на Спејс шатл во почетокот на седумдесеттите години на минатиот век САД сметале дека Спејс шатл ќе ги замени сите потрошни ракети-носачи и затоа во ова време американски ракети-носачи не биле понатаму развивани. Но, откога Спејс шатл влегол во употреба се покажало дека лансирањата на сателити со него не се поевтини од лансирањата со потрошни ракети-носачи. Затоа, особено по катастрофата на Шатлот Челинџер во 1986 година, САД повторно почнале да ги развиваат потрошните ракети-носачи. Во овој број ви ги претставуваме ракетите Атлас, Делта, Пегасус и Фалкон 1


На граница на науката

Постојат две главни идеи за устројството на вселената на фундаментално ниво – тоа се материјалното и духовното. Науката цврсто стои на материјалното гледиште, но отсекогаш постоела и идејата за духовната страна на вселената. Овде ќе разгледаме една хипотеза на нашиот македонски физичар Илија Децковски, за сепроникливиот духовен флуид, кој тој го нарекол метафлуид.


Аеронаутика

Наспроти сите перформанси што ветувале совршено летало, концепцијата tilt wing не доживеала поширока примена во светски рамки. Не успевајќи да го заинтересираат светот (читај војската) за tilt wing концептот, на компаниите им останала втората алтернатива на формулата конвертоплан, т.е tilt rotor концептот. Tilt rotor конвертопланите полетуваат и слетуваат вертикално, со ротори вперени вертикално нагоре, слично на хеликоптер.


Електроника

Ако сакате да и дадете живот на старата столна светилка, да ја замените портокаловата "топла" светлина со чиста, "ладна" и бела, изградете го проектот со бели лед диоди во матрица како светлосен извор. За континуирана промена на светлосниот извор можете да го изградите предложениот електронски регулатор во импулсно–ширинска модулација. Придружното црвено амбиентно светло само го надополнува декорот на "новата" столна светилка.


Медицина

Бела чума ич не остава, ниту моли ниту простува… Пат долг, бели темници, очи бели, бели зеници…
Дрогата, чумата на овој век, безмилосно одведува илјадници животи, долготрајно и прескапо го наплатува краткотрајното виртуелно задоволство… Љубопитноста да се ѕирне зад затворената врата во забранетата соба чини еден упропастен или прекинат млад живот.


Информатика

Видови и подвидови сервери има бесонечно многу бидејќи секоја програма која не ја извршува целата задача самостојно, туку дел и препушта на друга програма автоматски станува клиент, а другата програмасервер. Сепак, овде ќе наведеме некои вообичаени и најчести варијанти на сервери.


Информатика

Shared фолдерите во рамките на оперативниот систем главно се ограничени само на размена на податоци помеѓу корисниците. Но, не се погодни за независен пристап кон сите датотеки од секој компјутер во мрежата, како и нивно чување на едно место. Во тој поглед, NAS уредите играат огромна улога, давајќи ги сите овие погодности.


Електроника

Ова е мал додаток за електронската коцка објавена во еден од претходните броеви на ЕМИТЕР. Со овој дополнителен склоп се оневозможува злоупотребата на тастерот за "фрлање".


Информатика

Две недели по премиерата на двојадрениот ѕвер на AMD пристигна одговорот на Nvidia. Долгоочекуваната Dual-GPU GeForce картичка е пред нас – дали ќе ги исполни очекувањата?


Електроника

Честопати при аудио-репродукцијата е потребно да се истакне присутноста на некој поединечен аудиоизвор (некој инструмент), на пример електричната гитара. Но, поедноставните миксери и гитарски засилувачи главно не содржат такви склопови, па како решение ви предлагаме самоградба на еден таков склоп, кој може да најде корисна примена со тоа што ќе ја истакне присутноста на тој инструмент помеѓу другите инструменти во состав на некоја музичка група или оркестар.


Аудио и видеотехника

Компаниите сè повеќе произведуваат камкордери со алтернативни медиуми и формати, без користење на лентата како медиум за складирање на снимените податоци, односно HD содржини. Оптичкиот диск, мемориските картички и конвенционалниот хард диск се опции кои се на располагање. Новите медиуми се помали по димензија, но со перформанси кои ги задоволуваат барањата на бродкастерите. Кој медиум е подобар? Кој формат за што е наменет?


Телекомуникации

Целобрановата Quad Loop антена, чиј облик е јамка во квадратна форма, претставува ефективна антена, која успешно може да се употребува на кусобрановите радиоаматерски опсези (160 - 10 m).


Информатика

Со поимите виртуелна реалност и сајбер простор обично се означува комуникацијата на луѓето во и преку виртуелниот свет на компјутерите. Но, дали е навистина така или виртуелниот свет, првенствено, започнува во главата и во умот на секој човек?!


Аудио и видеотехника

Дали некогаш сте сонувале за снимање на опкружувачки звук кој би го следел видеото од вашата камера? Ако одговорот е да, тогаш со Holophone PortaMic 5.1 Surround микрофонот вашиот сон станува реалност. Користејќи го своето големо искуство во снимање на опкружувачки тон, притоа водејќи сметка за димензиите и цената Holophone, со овој микрофон му даде на пазарот за аудиоопрема одличен микрофон.


Информатика

Сите оние кои сакаат да прават реорганизација на партициите на тврдиот диск се среќаваат со проблем околу избор на соодветен софтвер. Acronis Disk Director Home 11 е моќен и лесен за работа софтвер чија намена е менаџирање на тврдите дискови и партициите. Со исклучитено богат асортиман на можности и операции кои ги нуди програмата, корисникот може да го организира својот тврд диск за да има оптимални перформанси.


Информатика

Откако Alienware M17x го испита теренот на Земјата и по успешната експедиција си ја заврши работата, местото му го отстапи на својот наследник и помлад брат кој го носи името Alienware M15x MLK. Новата инвазија која започнува од Alienware ќе ни го донесе најмоќното чудо од лаптоп технологјата на планетава. Се надевам дека со оваа статија ќе ви помогнам во одлучувањето дали една од овие машини од иднината ќе се всели и во вашиот дом. Па да започнеме.


Еурека

Дваесет и осумгодишниот научник м-р Никола Златанов е добитник на престижната награда "Најмлад научник" за 2010 година, награда востановена лично од Преседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Екипата на ЕМИТЕР беше на лице место, во резиденцијата на Претседателот, на самото доделување на оваа награда, а направивме и едно ексклузивно интервју со добитникот на признанието.


Омнибус

Науката перманентно ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови пет неверојатни научни вистини.


Астрономија и астронаутика

Една од најтрајните мистерии во физиката на Сонцето е зошто надворешниот дел од атмосферата на Сонцето, наречен корона, е милиони степени потопол од неговата површина? Сега научниците веруваат дека го откриле главниот извор на врел гас кој ја стоплува короната: млазови од плазма што се извиваат над површината на Сонцето.


Автомобилска техника

Фактички нашиот автомобил секогаш има поголема потрошувачка на гориво од наведената во неговото упатство (доказот за тоа во некоја друга прилика). Се поставува прашањето како можеме фактичката потрошувачка да ја намалиме и барем да ја доближиме до декларираната, па дури и како можеме да ја "надмудриме" фабриката и да потрошиме помалку гориво од она што таа го има декларирано. Ќе наведам неколку корисни совети со кои ќе ја намалите потрошувачката на гориво на вашиот љубимец.


Електротехника

Електричните машини за дупчење кои немаат автономност при напојувањето, а работат на мрежен напон, можат да бидат изведени со дополнителен засилувач на ударниот момент при што се зголемува силата при дупчењето. Не секогаш има потреба од дополнителната, т.н. hammer (чекан) опција. Затоа ќе ви претставиме две одлични електрични машина за дупчење од реномираниот бренд Макита, едната со ротациско и ударно дупчење, а другата само со ротациско. Изборот е ваш.


Информатика

Четири во едно! Четири новости од Apple коишто ни пристигнуваат без да ни дозволат да земеме здив! Apple TV, Apple iPad, iPod Nano и iPod Touch се уредите за кои вреди да се посветат и повеќе страници одошто јас ќе напишам. Прочитајте какви новости ни носат овие уреди, кои се нивните перформанси и какви нови опции поседуваат.


Телекомуникации

Одамна најавуваното "чудо" од Nokia, наречено N8, конечно се појави на пазарот, и тоа во делот каде што конкуренцијата е опасно добра. Дали новото чудо од Nokia е достоен противник или пак се случува обратното?


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти од електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Android за автомобили;
Операција на мозок без отворање на черепот;
Toshiba Stor.e Art 4;
Џиновски прстен од црни дупки;
Intel Learning Series - наградени 8 училишта и 9 наставници;
Марко Чаласан напиша книга за Windows 7;
Помош за справување со прекумерната тежина;
Елементарни честички кои ги збунуваат физичарите;
Климатските промени ги скараа научниците;
Нова ера во дигиталното печатење;
Активни вулкани на венера?;


Писма
Ветрогенератор со алтернатор од Југо
Кој предзасилувач со ламби да го изработам?