Емитер 4/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Наспроти сите перформанси што ветувале совршено летало, концепцијата tilt wing не доживеала поширока примена во светски рамки. Не успевајќи да го заинтересираат светот (читај војската) за tilt wing концептот, на компаниите им останала втората алтернатива на формулата конвертоплан, т.е tilt rotor концептот. Tilt rotor конвертопланите полетуваат и слетуваат вертикално, со ротори вперени вертикално нагоре, слично на хеликоптер. За летање напред, роторите монтирани на краевите на крилата постепено се завртуваат за приближно 90° претворувајќи го конвертопланот во нешто што личи на турбоелисен авион. На овој начин, tilt rotor леталото може да постигне прилично поголеми брзини на летање од хеликоптерот (и до 556 km/h).
Tilt rotor конвертопланот за кревање и пропулзија користи два или повеќе погонски ротори (таканаречени proptor), монтирани на вртливи оски или во вртливи гондоли, на краевите на фиксното крило, и ги комбинира способностите на хеликоптерот (вертикалното кревање) со брзината и долетот на конвенционалниот авион со фиксни крила. За остварување на вертикален лет, роторите се завртуваат околу напречната тежишна оска на конвертопланот под агол од 90°, кревајќи го на начин како што го прави тоа роторот на хеликоптерот. За премин во транслаторен лет, роторите постепено се завртуваат напред додека конечно не дојдат во позиција за хоризонтален лет при што конвертопланот се здобива со брзина. На овој начин на летање роторите обезбедуваат влечна сила како елиси, а крилата создаваат подем (узгон). Конвертопланот се претвора во авион и може да постигне многу поголеми брзини од хеликоптерите (околу 556 km/h). Вертикалното слетување на еден конвертоплан tilt rotor е можно со работа на погонската група како хеликоптер, но и без неа со авторотација на роторскиот систем.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.