Емитер 2/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На почетокот на 21 век хеликоптерот се наоѓа пред нови предизвици, усовршувања и достигнувања. Една од креативните филозофии е спојување на добрите особини на авионот и хеликоптерот, а тука како најпогоден се покажал концептот на конвертоплан.
За многумина денес развојот на хеликоптерот е завршен: машината еволуирала во сигурен, надежен и пред сè ефикасен воздухоплов, со сестрана употребливост во воениот и цивилниот сектор. Во овој момент, ширум светот летаат околу 40000 хеликоптери, а со нив се спасени повеќе од 1 милион луѓе. Хеликоптерот, тоа е повеќе од сигурно, ќе биде неопходен дел од модерниот живот и во 21 век. На почетокот на 21 век хеликоптерот се наоѓа пред нови предизвици, усовршувања и достигнувања. Една од креативните филозофии е спојување на добрите особини на авионот и хеликоптерот, а тука како најпогоден се покажал концептот на конвертоплан.
Навистина подобрувањата и усовршувањата на хеликоптерите непрекинато продолжуваат и во 21 век, меѓутоа, се чини дека времето на спектакуларните откритија дефинитивно припаѓа на историјата. По златните години во кои тие доживеале целосна сатисфакција, афирмација и примена се формирале бројни компании за нивно производство, а во развојот се вклучиле не само ентузијасти и генијални поединци туку и моќни научни организации, универзитети и институти. Тие користат знаења на тимови од професори, доктори на науки, а на располагање им се и огромни аеротунели, лаборатории, моќни компјутери и CAD/CAM програмски пакети за конструирање, производство, испитување и симулирање со помош на компјутер, но и обемна финансиска помош од државите.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.