Емитер 3/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Tilt wing концептот е во основа концепт на конвертоплан со интегрално крило, кое на себе носи неподвижна погонска група, која во лет или на земја може да се заврти околу напречната тежишна оска – од хоризонтална во вертикална положба. Идејата крилото заедно со погонската група и елисите што обезбедуваат влечење напред да се заврти од нормалната положба за летање во вертикална положба, во која елисите обезбедуваат вертикално кревање, во основа е едноставна и природна.
Во 60-тите години на минатиот век, главно, биле решени проблемите со конструкцијата и летањето и на авионот и на хеликоптерот, па се чинело дека поголеми проблеми со едно хибридно летало не би требало да се очекуваат. Но, реализацијата одела многу потешко. Главните проблеми биле од аеродинамичка природа и се манифестирале со одлепување на воздушната струја што, инаку, нормално циркулира околу крилото за време на конверзијата. Ова предизвикувало силна турбуленција и сериозни тешкотии кои се манифестирале со губење на стабилноста и пречки во управувањето.
Тие проблеми ни денес не се решени на задоволителен начин, а во тоа време, без силна компјутерска поддршка, компјутерски симулации, без аеротунели со големи димензии и софистицирана експериментална опрема, решенијата можеле само да се насетуваат.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.