Лежиштата, во мајсторскиот жаргон популарно наречени "лагери", се една од поинтересните проблематики во машинството. Нема машина, уред или направа во која нема барем едно лежиште или, според моја слободна проценка, на околу 50% на прашањето: Во што се состои проблемот или во што е дефектот на машината, одговорот на мајсторите е дека се расипани (дотраени) лежиштата. Целта на текстов што следува е да се запознаеме со лежиштата и нивните основни видови.