Емитер 3/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постојано слушаме за серверите. Знаеме дека можат да "паднат" бидејќи обично тогаш нешто не ни работи. Знаеме дека понекогаш треба да ја пронајдеме и да ја внесеме нивната адреса која "баш вчера ја забележавме на очигледно место", кое сепак излегува дека и не е баш толку очигледно. што се, воопшто, серверите и за што служат?
Во златна доба на mainframe компјутерите и терминалите исполнети со зелен текст, во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, беше лесно да се направи разлика меѓу сервер и клиент. Серверот е онаа голема застрашувачка направа која ‘ржи и бревта во посебна климатизирана просторија за која само мистично посветените имаа клуч, додека сите останати седеа пред кутиестите монитори со соодветни тастатури, очигледно во улога на корисници на таа повеќеглава компјутерска хидра. Во таа ситуација серверот несомнено беше интелигентниот дел од системот, додека терминалите само го овозможуваа користењето на услугите на серверот и не бараа апсолутно никаква компјутерска моќ. Во целата таа хиерархија, единствено интелегенцијата на корисникот била непозната величина. Во 80-тите години работите веќе се комлицираат. Почнуваат да се појавуваат службени, па дури и домашни компјутери, доволно јаки за да можат да покренат некои сервиси кои дотогаш беа резервирани само за mainframe компјутерите, а притоа и на нив добро да се поигра. Малку понатаму, околу 90-тите години, доаѓа до експанзија на PC платформата, со поголема компјутерска моќ од онаа што ја поседувале ѕверовите од пред десет години и кои вределе повеќе од стотина илјади долари. Да забрзаме малку… Веќе е 21 век. Компјутерите достигнуваат некогаш незамислива брзина. Поголемиот број на сервиси кои ги опслужуваат корисниците ширум светот можат да се стартуваат со обичен компјутер, кој постои во речиси секој дом. Серверите станаа реликти на минатото, надминати и заборавени…или можеби не е така?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.