Емитер 10/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Како продолжение на претходниот текст, каде што ги дефиниравме и ги поставивме основните координати во кои може да го лоцираме и да го поставиме феноменот наречен сајбер-простор, повторно со истата премиса (да тргнеме од наједноставното), ќе се обидеме сајбер-просторот да го разбереме, првенствено, како психолошки простор и да ги определиме базичните психолошки елементи или составни делови на сајбер-просторот…
Веќе кажавме дека сајбер-просторот може и треба да биде сфатен, пред сè, како социјално искуство и дека повеќе го дефинираат инволвираните социјални интеракции, отколку техничката имплементација… Во таа смисла, убедливо звучи кога луѓето го опишуваат компјутерот како екстензија/проширување на нивниот ум и на нивниот карактер, односно "простор" што ги рефлектира нивните вкусови, ставови и интереси (зарем истото не може да се каже и за телефонската конверзација). Поентата што сакаме да ја истакнеме е фактот дека сајбер-просторот и виртуелната реалност се феномени што му се својствени на базичното човеково однесување и психологија, а имплементацијата на технологија не е нешто што е иманентно/суштински својствено, што го определува и карактеризира/диференцира сајбер-просторот како таков.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.