Енергетика

Секој систем на греење треба да обезбеди доволно и рамномерно загревање на просториите. Потребната количина на топлина за загревање зависи од повеќе фактори и тоа од потребната внатрешна температура, видот, големината и положбата на објектот како и од надворешните временски услови. Оваа количина на топлина треба да ги надомести загубите, кои настануваат поради поминувањето на топлина низ површината на објектот.


Електроника

За да обезбедиме добра аудиорепродукција на различни звучни нивоа, нам ќе ни биде потребно соодветно дизајнирано електронско коло. Ваквото коло со регулација на бојата на тонот ќе ни биде потребно, бидејќи чувствителноста на човечкото уво се менува на нелинеарен начин низ целото чујно фреквенциско подрачје. Електронското коло дизајнирано и изработено во овој проект ќе ги задоволи претходните барања. Тоа се поврзува (приклучува) во предзасилувачкиот степен, т.е.


Електроника

Во минатото продолжение ги обработивме основните концепти кои се применуваат при мерењата во аудиотехниката со нагласок на основните недостатоци на овие процедури. Продолжуваме со дефинирање на потребните основни мерења со нагласок на нивната структура и нивното значење.


Архитектура и градежништво

Топлински мостови се делови од обвивката на зграда каде што има зголемени протоци на топлината. Обично настануваат на местата каде има материјали со различен коефициент на топлинска спроводливост во надворешната конструкција (на пр. бетонски столб и ѕид од тули), различна дебелина на некој материјал или разликата помеѓу внатрешната и надворешната површина, како на пр. врска ѕид–под–таван.


Информатика

Старата добра хартија, медиумот за споделување на информации кој е најстар од сите, во денешното време се соочува со предизвик, електронските читачи на книги, кои се многу подобри од страна на неколку апекти. Новото време бара нови иновации и нови медиуми за пренос на податоците во најразлична форма, од весници до книги. Електронските читачи се дизајнирани баш за таа намена...


Информатика

Имате стар компјутер, но не знаете што со него? Сакате NAS, а немате пари? Можеби ова е вистинското решение за вашиот проблем!


Астрономија и астронаутика

Телескопот Celestron Firstscope е наменет за почетниците кои сакаат да ги стекнат своите први практични искуства со астрономијата. Со него можете да ги видите прстените на Сатурн, кратерите на Месечината, облаците на Јупитер и многу други интересни објекти на небото. Можно е да се набљудуваат и овоземските објекти, но на малку невообичаен начин, а како - ќе прочитате во овој тест.


Астрономија и астронаутика

Една истражувачка екипа астрофизичари извршила прва 3-димензионална компјутерска симулација на експлозија на ѕвезда (супернова), со надеж дека тоа ќе ги одгатне постоечките енигми: како настанува ударниот бран кој го разнесува надворешниот слој на ѕвездата и многу чудната асиметрична експанзија на облакот од гасови, оддуван од експлозијата.


Автомобилска техника

Започнуваме со серијал од четири продолженија во кој ќе се осврнам на денешниве современи автомобилски автоматски менувачи (преносници). Во овој напис ќе го разгледаме само современиот класичен автоматски менувач со планетарни слогови. Иако сериозните почетоци за неговата комерцијална примена датираат уште од средината на 30-тите години на минатиот век, до денеска многу што се има променето.


Електроника

Полначот служи за полнење и надополнување на батеријата во мобилниот телефон, без да има потреба од фиксен извор на напојување: мрежен напон или акумулатор. Тоа е едноставен електронски уред кој го зголемува напонот од стандардна (AA) батерија од 1,5V на напон од 5V кој е потребен за полнење на батеријата од мобилниот телефон. Успешно ја врши својата функција кај голем број различни модели на мобилни телефони.


Електроника

Новото интегрирано коло на Тексас Инструментс, TPA2015D1 е 2-ватен моно аудиозасилувач во D класа со вграден конвертор на напојувањето кој обезбедува поголема моќност во однос на конкурентските производи при исти услови на напојување. Тоа, исто така, има "мирна струја" од само 1,7mA, која е пет пати помала од сличните конкурентски производи. Тоа воедно обезбедува подолг век на траење на батериите.


Електроника

Во минатиот број на емитер ја разгледавме потребата од алармен систем, го споредивме со улогата на функциите на делови на човечко тело, а во ова продолжение ќе видиме што претставува алармната централа, кои се нејзините составни делови и како функционира.


Физика

"Родена" во 1970 год. Теоријата за струните ветуваше обединување на двете најголеми парцијални теории на науката од 20 век: релативитетот и квантната теорија. Но, цели 40 год. потоа, научниците безуспешно се обидувале да ја тестираат нејзината валидност. Конечно во последно време среќата им се насмевна, но во едно сосема друго подрачје: во подрачјето на електрична суперспроводливост.


Информатика

Како продолжение на претходниот текст, каде што ги дефиниравме и ги поставивме основните координати во кои може да го лоцираме и да го поставиме феноменот наречен сајбер-простор, повторно со истата премиса (да тргнеме од наједноставното), ќе се обидеме сајбер-просторот да го разбереме, првенствено, како психолошки простор и да ги определиме базичните психолошки елементи или составни делови на сајбер-просторот…


Информатика

Шминкерај, непотребна опција, кич…главно, ова се најчестите коментари врзани за додатоците на Windows 7 оперативниот систем. Но, дали навистина е така? Ние направивме избор на 10 додатоци ("гаџети") кои и тоа како можат "да ви се најдат"!


Информатика

RS232, Centronics…USB, USB 2.0, FireWire…USB 3.0…конечно и Light Peak. Заборавивме нешто помеѓу? И да сме, не е битно. Битно е дека брзината на комуникацијата буквално достигнува светлосна брзина! Каде ли е крајот?


Аеронаутика

На 18 и 19.9.2010 година на спортскиот аеродром крај с. Логоворди во непосредна близина на битола се одржа празник на воздухопловството, за прв пат беше одржан интернационална воздухопловна манифестација. Надвор од сите досегашни клишеа во поглед на организација на воздухопловни манифестациии во двата дена и учесниците и гледачите имаа прилика да уживаат во оваа заедничка средба.


Информатика

Деветтата инкарнација носи нов интерфејс, поголема брзина, HTML 5, акцелерација од графичкиот процесор…доволно причини со интерес да ја чекаме целосната верзија.


Астрономија и астронаутика

Со комбинирање на набљудувањата направени од страна на LRO со оние направени од другите вселенски летала, научниците би можеле подиректно да ја одредат релативната честота на удари од астероиди ширум сончевиот систем. Подоцна со помош на добиените податоци тие се надеваат да направат попрецизна процена на староста на секоја од планетите во Сончевиот систем.


Медицина

Поместувањето на сметањето на времето создава огромна количина на стрес, па така луѓето не само што се чувствуваат збунети, туку се чувствуваат и лошо и непријатно, со многу здравствени проблеми, како последица на пореметената синхронизација меѓу интерниот биолошки часовник и оној надворешниот.


Електротехника

За разлика од рачните електрични машини, пневматските алати се неуништиви. Кај нив освен две евтини лежишта ништо друго не може да се расипе. Освен тоа, значително се полесни од електричните и многу попогодни за работа. Единствена мана им е тоа што се напојуваат од робустни компресори, но сега веќе можеби и не е така.


Електроника

При приклучувањето на уредите што се напојуваат со еднонасочен напон мора да се внимава на поларитетот на напојувањето. Доколку уредот кој се напојува со еднонасочен напон го приклучиме на напојување со спротивен поларитет, ќе дојде до негово оштетување. За да бидеме сигурни дека корисникот на уредот нема погрешно да го поврзе и да предизвика штета, потребно е уредот да поседува соодветна заштита од приклучување на напон со спротивен поларитет.


Аудио и видеотехника

Компанијата Shure kоја е позната по своите микрофони, произведе два нови студиски микрофони со одлични карактеристики. Микрофоните даваат оптимален конзистентен тоналитет во вокални апликации и особено јасен звук произведен од музички инструменти. Новите микрофони KSM42 и KSM44A и припаѓаат на линијата KSM, но се со редефиниран динамички опсег и со минимален сопствен шум.


Аудио и видеотехника

Во минатата година икегами на сите изложби и презентации се претстави во полн сјај. Она што го понуди се нејзините gfseries на tapeless HD Flash memory продукциски алатки, вклучувајќи го новиот GF Station Portable плеер/рикордер, GF Player - евтина десктоп playback машина, GF Adapter за директен интерфејс со PC куќиштето, Studio GF Adapter, како и manager media софтвер за интегрирање на GFSeries со големи сервери за продукција.


Омнибус

Нова генерација на Touch искуството;
Чудната прстенеста галаксија;
Одговорот на Intel;
Два нови монитори од TVLogic;
Web Fest 2010;
Нови AMD процесори;
Доделени наградите од конкурсот "Вип Андроид предизвик";
ЕС963 - микрофон со вградени три капсули;
Нова сезона во хаклабот КИКА;
Новите смарт телефони Оптимус на LG;
Лабораториски произведен црн дроб;
Firefox 4 е пред вратата;
HP Envy - луксузна компјутерска серија;


Писма
Модификации на електронскиот товар ELD-05
Деклинација на сонцето над Прилеп
Коло за мек старт на трифазен асинхрон мотор