Емитер 10/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Секој систем на греење треба да обезбеди доволно и рамномерно загревање на просториите. Потребната количина на топлина за загревање зависи од повеќе фактори и тоа од потребната внатрешна температура, видот, големината и положбата на објектот како и од надворешните временски услови. Оваа количина на топлина треба да ги надомести загубите, кои настануваат поради поминувањето на топлина низ површината на објектот. Термотехничката пресметка ги зема предвид овие фактори (со одредени апроксимации) и како резултат се добива потребната грејна моќност (грејна енергија) на системот за греење.
За да може точно и успешно да се изврши термотехничка пресметка потребно е да располагаме со одредени податоци, а тоа се:
- план на објектот за кој се врши пресметка од каде може да се види на која страна е завртен објектот и по можност положбата и големината на околните објекти;
- градежен план на објектот со точно котирани димензии и местоположба на прозорци и врати;
- пресеци на објектот со податоци за висината на просториите и висината на прозорците од подот;
- податоци за видот на ѕидовите, таванот и подот (материјалот кој се користи, изолација);
- податоци за видот и материјалот од кој се изработени прозорците и вратите;
- податоци за видот и намената на просториите.
Овие податоци и неколку едноставни формули се доволни за да се направи пресметката на топлинските загуби и потребната грејна моќност за секоја просторија посебно и за објектот во целина. Пресметката дополнително се поедноставува со помош на табелите дадени во овој напис и со помош на нашата ексел програма која по внес на потребните податоци веднаш го дава резултатот.
Во написот недостасуваат податоци за факторот Zp – додаток поради прекин на загревање на просторијата. Како што беше кажано, вредноста на овој фактор расте со зголемување на траењето на прекинот на греењето, а се намалува со пораст на коефициентот D. Вредностите се дадени во табела 4а.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.