Емитер 10/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Полначот служи за полнење и надополнување на батеријата во мобилниот телефон, без да има потреба од фиксен извор на напојување: мрежен напон или акумулатор. Тоа е едноставен електронски уред кој го зголемува напонот од стандардна (AA) батерија од 1,5V на напон од 5V кој е потребен за полнење на батеријата од мобилниот телефон. Успешно ја врши својата функција кај голем број различни модели на мобилни телефони.
Еден од најважните фактори за автономија при мобилната комуникација се напојувањето, т.е. батеријата на мобилниот телефон и покриеноста со сигнал од базната станица (да не зборуваме за расположивиот кредит). Батеријата во мобилниот телефон има свој номинален капацитет, кој може да обезбеди повеќе денови во st-by позиција или повеќе часови за разговор. Најчеста причина за испразнета батерија ("lo-batt.") не е малиот капацитет на батеријата, но заборавеноста на корисникот да ја наполни или, пак, претераната употреба на телефонот за ненаменски потреби: игри, прошетки низ менијата, користење на мултимедија итн.
Ако се земат предвид Марфиевите закони, сигурен сум дека веројатноста да се прекине телефонскиот разговор поради слаба батерија е правопропорционална со важноста на телефонскиот разговор.
Уредот е замислен да го зголемува напонот од класична батерија од 1,5V на потребната вредност од 5V, но при тоа треба да се исполнат некои од следниве услови: да има мала сопствена потрошувачка, да има голем коефициент на корисно дејство, да дава стабилен излезен напон во тек на различно излезно оптоварување, да работи во поширок напонски дијапазон при различна потрошеност на батеријата, да биде мал и компактен и да биде изграден со што е можно помал број на делови.
Императив во тек на конципирањето на уредот беше интегрираната техника на изведба. Размислувањата се движеа помеѓу следните компоненти: NE555, MC34063A, LT1618 итн. Најголемиот недостаток на споменатите предложени компоненти е неспособноста за работа при низок влезен напон. Потребата за стабилна работа и при влезни напони од само 0,7V, го ограничи изборот на некој од MAXIM-овите step-up конвертори, поточно MAX756.
ИК: MAX756
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.