Рубрика: Електроника
100W сабвуферски засилувач за во автомобил (1): Активен филтер и излезен засилувач
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Повеќе читатели се имаат обратено до редакцијата на ЕМИТЕР со барање да објавиме помоќен сабвуферски засилувач за во автомобил, а ние сериозно ја сфативме работата и пристапивме кон реализацијата на овие предлози. Се одлучивме да изработиме и прикажеме компактен 100W засилувач со популарното коло TDA7293 и активен филтер на влезот, а за негово напојување од автомобилскиот акумулатор предвидовме соодветен DC/DC конвертор. Во продолжение заинтересираните можат да го проследат првиот дел од овој проект, каде ќе биде презентиран засилувачот со активниот филтер, а посложениот дел од овој проект, DC/DC конверторот, ќе биде презентиран во второто продолжение.

Многумина читатели на ЕМИТЕР веќе знаат дека напојувањето со напон во автомобилот на сите електрични системи: системот за палење (кај бензинските мотори), светлата, инструментите итн., е изведено со еднонасочен DC-напон од 12V. Овој напон постигнува максимална вредност од 14,4V кога автомобилот е во движење, додека полниот акумулатор постигнува вредност на DC-напон од 13,2V. Според оваа максимална вредност на DC-напонот од 14,4V, ако во вашиот автомобил приклучите аудиозасилувач, тогаш континуираната синусна (RMS) моќност што тој ќе ја даде на неговиот излез ќе биде нешто помала од теоретски пресметаната: P0max = Us2/8R, каде што Us е максималниот DC-напон за напојување (14,4V), а R е минимална импенданса на звучникот (најчесто е 4 оми) Според овие вредности, максималната моќност која ќе може да се добие на излезот од засилувачот приклучен во вашиот автомобил би изнесувала P0max= 14,42/8·4 = 6,48W. Оваа вредност е теоретска, додека вистинската е нешто помала и може да се добие со мерење. Оваа моќност теоретски можеме да ја зголемиме до 4 пати со поврзување на два аудиозасилувачи во познатата мостна (bridge, BTL) конфигурација. На овој начин излезната моќност на засилувачот приклучен на DC-напон на напојување од 14,4V теоретски можеме да ја зголемиме до максимални 25,92W (а реално до 15-20W), со импенданса на звучникот од 4 оми. Оваа моќност може потполно да ги задоволи потребите во средните и високите аудиофреквенции, а тоа значи, аудиофреквенциите од 120-20000Hz, додека за фреквенциите пониски од 120Hz, за вистинско нивно доживување, засилувачот ќе треба да испорачува поголема моќност. Се прашувате како можеме да ја зголемиме моќноста на аудиозасилувачот. Тоа можеме да го направиме на два начини: со зголемување на напонот за напојување или со намалување на импендансата на звучникот. Со намалување на импендансата под 4 оми ќе се зголеми струјата која ќе тече на излезот од засилувачот. Со зголемувањето на струјата ќе имаме поголемо загревање на засилувачот, што ќе придонесе за намалување на неговиот работен век, а во многу случаи и до брзо прегорување. Значи треба да го зголемиме напонот за напојување на засилувачот. Затоа, ајде да најдеме некој начин да го зголемиме напонот за напојување! Решението е да се изгради соодветен DC/DC конвертор кој од единечниот напон на акумулаторот ќе даде двоен (симетричен) еднонасочен напон со соодветна вредност и моќност. Да резимирам, во овој проект ќе биде опишан практично реализираниот комплетен 100W аудиозасилувач за сабвуфер со 12V/±35V DC/DC конвертор, со чија помош ќе го напојуваме овој 100W засилувач. Целосниот проект е реализиран на две печатени плочки заради полесна монтажа, но и за да се добие можност сабвуферскиот засилувач и DC/DC конверторот да се користат одделно.

Технички карактеристики:

Синусна моќност: 80W/8Ω (f=1kHz, THD=0,5%);

Музичка моќност: 100W/8Ω (f=1kHz, THD=10%);

Напојување: ±38Vdc

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1201
ИК:TDA7293, TL072
Потенциометри: 10k/log; 2x10k/lin
Клучни зборови:

Изработениот прототип на сабвуферскиот засилувач

Изработениот сабвуферски засилувач заедно со DC/DC конверторот за негово напојување


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.