Електроника

Повеќе читатели се имаат обратено до редакцијата на ЕМИТЕР со барање да објавиме помоќен сабвуферски засилувач за во автомобил, а ние сериозно ја сфативме работата и пристапивме кон реализацијата на овие предлози. Се одлучивме да изработиме и прикажеме компактен 100W засилувач со популарното коло TDA7293 и активен филтер на влезот, а за негово напојување од автомобилскиот акумулатор предвидовме соодветен DC/DC конвертор. Во продолжение заинтересираните можат да го проследат првиот дел од овој проект, каде ќе биде презентиран засилувачот со активниот филтер, а посложениот дел од овој проект, DC/DC конверторот, ќе биде презентиран во второто продолжение.


Аеронаутика

Ништо ново не е ако кажеме дека војската има најмногу заслуги за развој на авијацијата. По огромниот развој во текот на Втората светска војна набрзо настанатата студена војна пред воените стратези наметна измени во стратегијата и употребата на воздухопловството. Новите услови барале авион способен: да полетува и да слетува од многу кратки писти (оштетени, неуредени), да лета со големи брзини на мали висини, незабележано и по секакви метео услови да продира длабоко во непријателскиот воздушен простор, да нанесува удари врз целите уште во првиот атак и да развива суперсонични брзини независно од висината на летањето. Одговор на конструкторите беше креирање трета генерација авиони со променлив агол на стрела на крилото.


Информатика

Измина уште една интересна ИТ година која по многу нешта ќе остане во сеќавањата. Експанзија на Cloud Computing-от, мобилните уреди, новите технологии врзани за нив, но и за простувањето од двајца великани – Стив Џобс и Денис Ричи. Традиционално прогласуваме победници по категории, но се осврнавме и на неколку моменти кои дадоа своевиден белег на изминатата година, а кои според својата природа не можат да влезат во изборните категории. Крајно, доделивме и "награди" за најголемите промашувања во 2011 година.


Електроника

Генераторите на функции, или на бранови облици, се такви осцилатори што произведуваат наизменични напони од различен облик кои по изгледот одговараат на некоја математичка функција. Можат да бидат синусни, правоаголни, триаголни, во форма на скали итн. Се применуваат во аналогната и во дигиталната електроника, во мерната и во експерименталната техника, за едукативни или за професионални цели, а како лабораториски уред се секогаш добредојдени во вашите лаборатории за електроника.


Автомобилска техника

На последниот автомобилски саем во Франкфурт (септември, 2011 год.) во одделот за еколошки автомобили беше претставен најновиот хрватски електричен автомобил Концепт еден (Concept One) на фирмата Римац автомобили. Овај суперспортски електричен автомобил плени со својот дизајн, технологија, управувачки софтвер, а потврда за тоа се екстремните перформанси од кој застанува здивот.


Автомобилска техника

Третово продолжение од серијалов за електро-автомобилите отвора навистина многу интересни теми. Тоа се батериите, системите за управување и контрола на електроавтомобилот, проектантските предизвици и голем број на специфичности и посебности кои го прават електроавтомобилот вистински бисер на современата технологија.


Информатика

Доколку имате познавање на HTML, и веќе знаете да ги вметнувате различните формати на содржината на Вашата web-страница, JavaScript е одличен избор на скриптен јазик со кој можете да ја унапредите комуникацијата со корисникот. Следете ги нашите написи и со секое продолжение откривајте понешто за JavaScript-от. Тука, освен теоретскиот дел, ќе најдете и готови, интересни и објаснети кодови со кои можете да ја започнете Вашата успешна кариера како дизајнер на web-страници.


Геологија

Ерупцијата на Еја Фјатлаје Кул на Исланд во изминатата година ни покажа колку вулканите можат да наштетат и на колкаво подрачје. Вулканолозите предупредуваат дека ова е обична петарда во однос на тоа што се очекува од Везув. Најновите анализи покажуваат дека наскоро може да се случи голема ерупција на Везув со размер на онаа која ги уништи Помпеја и Херкуланеум. Колку Италија (и Европа) е подготвена за ваква катастрофална ерупција? Какви ќе бидат последиците?


Медицина

Како нашиот мозок го конструира тродимензионалниот изглед на светот од сликите на мрежниците на двете очи? Одговорите беа малку уверливи, сè додека една неврофизикална теорија не обезбеди едно елегантно објаснување. Ќе се обидеме овие откритија на др. Ролф Д. Хенкел да ви ги пренесеме на еден поедноставен, популарен начин.


Астрономија и астронаутика

Трагајќи по услови за живот надвор од Земјата, размислувањата на астробиолозите денес одат многу пошироко отколку порано. Имено,тие повеќе не се ограничуваат на поединечни места во нашата најблиска околина, туку сä почесто зборуваат со термините "животни зони" ширум галаксијата, универзумот, па дури и во хипотетичниот мултиуниверзум.


Физика

Оваа година Нобеловата награда за физика му припадна на важно откритие од областа на космологијата: забрзаното ширење на Универзумот. Ќе се обидам да го опишам ова откритие преку личното искуство, со тоа што присуствував на различните активности на Нобеловата недела, а и со тоа што мојата работа околу докторскиот труд е тесно поврзана со истата тема.


Информатика

Минатиот месец во понудата на ЕмиМедиа го забележав 8-инчниот таблет за неверојатно привлечна цена од само 7999 денари. Уште во првиот момент бев заинтригирна за можностите на овој уред, па преку нашиот маркетинг оддел истиот го побаравме за тест. Ова се впечатоците од двонеделната проба на уредот.


Енергетика

Познато е дека складирањето на електрична енергија во поголем капацитет во основа е тежок процес. Ваквиот процес се карактеризира со загуби, бидејќи најчесто се врши конверзија на електричната енергија во друга форма, при повеќето случаи во механичка, и потоа истата се враќа во примарната електрична форма. Меѓутоа, SMES технологијата нуди складирање на енергијата во непроменета форма, што, пак, овозможува големи предности примарно во постигнатата ефикасност.


Омнибус

Според предвидувањата, во годината што започна мобилните интернетски уреди, а, особено, паметните телефони и понатаму ќе внесуваат најголеми промени во комуникациите. За прв пат ќе биде променет и начинот на работење, предвидува "Гардијан технолоџи".
Продажбата на смартфони ќе се зголеми и покрај рецесијата, а истите ќе се трансформираат од комуникациски уреди во уреди за комерцијална дејност. Значително ќе расте бројот на тргувањата и купувањата преку мобилни апликации.


Електроника

Во дигиталната електроника, реализацијата на основните аритметички операции множење и делење, како и на посложените операции степенување, коренување, одредување на логаритамот и на тригонометриските функции е посложена во однос на собирањето и одземањето. За такви цели се применуваат комбинации на мрежи составени од собирачи, одземачи, компаратори и кола за комплементирање.


Електроника

Добро познатата EasyPIC – генерација на развојни системи од "Микроелектроника" доби уште еден член – седмиот по ред, кој нуди многу повеќе од која било претходна варијанта. Кај овој модел се забележуваат многу подобрувања во однос на неговиот претходник, некои нови модули, и она што можеби е и најбитно за овој модел, а тоа се многу, многу повеќе можности за поврзување.


Електроника

Предметите, продуктите и другите добра кои ретко се користат или се користат сезонски, најчесто се одлагаат во простории кои немаат греење. Ако тие не поднесуваат ниски температури, во текот на зимата можат да се оштетат или да се расипат. За да не ви се случи такво нешто, изработете го овој склоп кој навремено ќе ве предупреди дека температурата во просторијата паѓа под нула. Занемарливо малата потрошувачка на склопот овозможува напојување од батерија, со што се добива практично неограничена автономија.


Електроника

Во минатиот број објавивме проект за изработка на стереозасилувач со TDA1557Q (TDA1553Q), кој пред сè е наменет за употреба во автомобил. Меѓутоа, овој засилувач може да се употребува и дома за вашиот компјутер или CD/DVD/MP3 плеер доколку обезбедите или изработите мрежен извор за напојување на засилувачот. Во овој напис ви нудиме две решенија – нестабилизиран и стабилизиран извор на DC напон со вредност од 15V/4A.


Информатика

HP е компанија која на пазарот нуди лаптоп модели за сите вкусови. Во овој краток напис ќе ве запознаам со HP ProBook 4530s и HP ProBook 4730s за кои сум сигурен дека многу брзо и лесно ќе го пронајдат своето место кај бизнис-корисниците.


Информатика

Често можат да се слушнат прашања за тоа што е торент, како функционира и слично. Токму затоа, за сите заинетерсирани решив да дадам едно кратко објаснување во текстот што следува.


Астрономија и астронаутика

Уште од шеесеттите години на минатиот век, Марс е цел на истражување со многу беспилотни летала; орбитери, лендери и ровери. Први летала кои успешно се спуштиле и работеле на Марс се американските сонди "Викинг" 1 и 2 во 1976. Тие носеле и експеримент кој требало да покаже дали на Марс има живот, но резултатите на експериментот не биле еднозначни. Една од задачите на најновиот американски ровер за Марс, лансиран оваа година, е да открие дали некогаш на Марс постоеле услови за живот.


Информатика

Денес сите математички пресметки може да извршат лесно со помош на соодветна софтверска апликација. Една од нив е интернет апликацијата AbaCal со чија помош, можат да се решаваат математички проблеми од повеќе природни науки и технички области. Извонредна алатка за секој ученик, студент, техничар, инженер..., но и за секој обичен човек кој понекогаш има потреба за некаква пресметка со употреба на формули.


Аудио и видеотехника

Осветлувањето е од големо значење во процесот на создавање видео. Без добро светло, нема добар видеопроизвод. Многумина повеќе го сметаат осветлувањето за уметност отколку за техничка работа, но тоа е и едното и другото! Но, било да сте аматер или професионалец, а сакате да се занимавате со некаква видеопродукција, неопходно ви е добро светло.


Аудио и видеотехника

Квалитетното, едноставно и ефективно 3Д-видео, со можност да премине во материјал снимен во 2Д во која било фаза, го прави камкордерот HDR-TD10 на Sony одличен избор ако сакате снимениот амбиент да добие и длабочина, односно да биде снимен во три димензии. Сликата е јасна и квалитетна, тонот исто така, а чини само 1300 долари. Ако не можете да си дозволите да го набавите, прочитајте го текстов.


Информатика

Првите процесори на Интел изработени во 22 nm технологија ќе пристигнат напролет, но тоа не е пречка high-end сегментот да се пополни со нови Extreme Edition модели од сè уште актуелната 32 nm генерација. Помоќни од кога било, врвните перформанси ги креваат на едно ново, повисоко ниво.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Космичката мрежа на маглината Тарантула;
Како животните ги предвидуваат земјотресите?;
"Мачорот во чизми" оживеа со технологијата на HP;
3D ТВ-програма и во Кина;
Цената на прекумерно консумирање алхохол е превисока;
Ако досега не сте знаеле, сега знајте дека...;
Од семки пратени во вселената произведени огромни краставици;
Умни мравки;
Која ли беше шредингеровата мачка?;
Европскиот суд забрани патенти со ембрионални матични клетки;


Писма
Далечинско вклучување на компјутер
Избор на лаптоп
Засилувачот BOTS постојано ми прегорува
Сакам да станам програмер