Рубрика: Електроника
Едноставен генератор на функции
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Генераторите на функции, или на бранови облици, се такви осцилатори што произведуваат наизменични напони од различен облик кои по изгледот одговараат на некоја математичка функција. Можат да бидат синусни, правоаголни, триаголни, во форма на скали итн. Се применуваат во аналогната и во дигиталната електроника, во мерната и во експерименталната техника, за едукативни или за професионални цели, а како лабораториски уред се секогаш добредојдени во вашите лаборатории за електроника. Во текстот што следува ви нудиме проект за еден многу едноставен генератор на функции реализиран со ИК CD4011.

Нема електроничар–хобист (Емитерџија :)) кој не посакал да има или кому не му се укажала потреба за генератор на функции во својата лабораторија за електроника. Мојата дамнешна желба – да изградам генератор на функции со Intersil-овиот прецизен интегриран генератор на функции ICL8038 – не се оствари. Ова специјализирано интегрирано коло за таа намена, во далечната 1984 г., беше доста скапо и тешко се наоѓаше. Затоа решив да изградам функциски генератор со конвенционално CMOS интегрално коло кое е популарно, евтино и лесно достапно, колото CD4011. Уредот успешно и добро работи и ми бил од полза неброено многу пати во мојата електроничарска пракса.

Технички карактеристики:

Сигнали: синусен, триаголен, правоаголен;

фреквентен опсег: 19 Hz...255kHz во 4 подрачја;

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1202
ИК: CD4011
Клучни зборови:

Готовиот уред во функција.

Готовиот уред во функција.

Во внатрешноста на готовиот уред

Во внатрешноста на готовиот уред


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.