Емитер 7-8/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Меѓу првите научени правила на секој електроничар-почетник е да внимава на правилно поставување и поврзување на поларизираните електронски компоненти (електролитски кондензатори, диоди, транзистори, тиристори и слично). Неправилното поврзување на одредена електронска компонента може да предизвика неправилна работа на уредот во кој е поврзана или нејзино уништување. Но, понекогаш аномалиите што ги јавуваат погрешно поврзаните електронски компоненти можат да бидат искористени на позитивен начин – на пример, создавање на едноставен аудиоосцилатор со минимален број на компоненти. А со изработка на овој едноставен уред ќе научите нешто повеќе за обичните биполарни транзистори.
Во текстот што следува ќе ви покажеме како со погрешно поврзување на обичен NPN транзистор може да направите едноставен аудиоосцилатор. Уредот се одликува со едноставност и минимален број на компоненти со голем степен на толеранција на нивните вредности. На електроничарите-почетници овој уред ќе им биде можност да научат нешто ново, а на искусните електроничари може да им послужи како дополнителен потсклоп во конструкциите и уредите каде што имаат потреба од звучна сигнализација.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.