Емитер 1/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На последниот автомобилски саем во Франкфурт (септември, 2011 год.) во одделот за еколошки автомобили беше претставен најновиот хрватски електричен автомобил Концепт еден (Concept One) на фирмата Римац автомобили. Предизвика лавина на позитивни реакции и сигурно беше еден од најкоментираните и највозбудливи експонати. Овај суперспортски електричен автомобил плени со својот дизајн, технологија, управувачки софтвер, а потврда за тоа се екстремните перформанси од кој застанува здивот. Во текстот кој следува ќе го претставиме ова најново хрватско автомобилско чудо – епитет кој сосема природно се наметна за овај електричен суперспортски автомобил.
Римац концепт еден (Rimac Concept One) е официјалниот назив на овај електричен спортски автомобил. Идеен творец како и извршен директор на сопствената фирма Rimac automobili е студентот по економија (четврта година) Мате Римац кој успеал да собере околу себе 20 извонредни мултинадарени ентузијасти, стручњаци и инженери од повеќе области со кој го реализирал овој проект (вкупната бројка на поширокиот тим е 50 луѓе). На прво место тука е генијалниот машински инженер Златко Квочиќ (55) кој е одговорен за механиката на овој концепт и под чие будно око се реализираше целиот проект. Интересно е дека овај инженер е заслужен за големите успеси на автомобилските асови Жарко Шепетавица и Нико Пулиќ во легендарната Ланчија делта XF Integrale. Претходник на Concept One е исто така електричниот BMW e-M3 кој е преправена верзија на истоимениот автомобил со бензински мотор во електричен погон. Исто така, BMW-то служел и како тест-автомобил за електромоторите и батериите на Concept One. Concept one по многу нешта е уникатен автомобил. Пред сè, импресионира со перформансите (види табела 1) кој го вбројуваат во најмоќните спортски автомобили во светот воопшто: директна конкуренција му е Бугати Вејрон! Единствен е по капацитетот на батериите кој овозможуваат автономија од 600 километри, а притоа масата на автомобилот да е вообичаена за автомобилите со електричен погон. За забрзувањето да не говориме: 2,8 секунди од 0-100 km/h е фантастично добра бројка. Сепак, да одиме по ред и подетално да се запознаеме со ова супервозило.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.