Рубрика: Автомобилска техника
Електроавтомобили (4): Современи електроавтомобили
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Само како илустрација и без некои поголеми амбиции ќе се осврнам на неколку модели на електроавтомобили кои се произвеле последниве неколку години од големите автомобилски брендови. Целта ми е да ги нагласам карактеристичните особини со цел јасно да се видат проблемите и предностите на електроавтомобилот во однос на класичниот автомобил согласно со денешниов дострел на техниката и технологијата. Секако имајте предвид дека претставените модели (со еден исклучок) не се сериски, туку се претсериски модели кои служат за тестирање, промоција и усовршување на технологијата, т.е. тоа се концепти кои час поскоро би ги виделе на нашите улици.

Подготвувајќи се за овај напис налетав на материјали за тестен модел на Ролс Ројс на електричен погон. Изненадувањето беше големо со оглед на фактот дека во традиционално конзервативната Англија уште поконзервативниот Ролс Ројс експериментира со електропогон. Оваа информација ја протолкував како крунски доказ дека сериското производство на електроавтомобилот е прашање на ден: дефинитивно електропогонот ќе биде супститут за нафтата, иако останува сè уште отворено прашањето како да се произведат тие големи количества електрична енергија. И токму со електричниот Ролс Ројс ќе го почнам овај преглед.

Клучни зборови:

Рендгентски поглед на основните агрегати на електричниот Ролс Ројс Фантом

Мини Морис Е-1, електричната студија во над 600 пробни примероци

Првиот европски сериски електричен автомобил (во најава за 2012 година) е Renault Zoe.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.