Емитер 11/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако подобро погледнеме во сегашноста и фрлиме поглед во блиската иднина ќе забележиме дека електро-автомобилите веќе се реалност, а иднината на автомобилскиот превоз во градовите сигурно е резервирана за нив. Најдобро е навреме да ги запознаеме за да можеме да изградиме пријателски однос. Токму електричните автомобили се тема на овај серијал од четири продолженија. Првите три продолженија ќе се посветени на поблиското запознавање со електроавтомобилот од неговата чисто техничка страна, принципи и концепции вклучително и опремата за нив, како и дел од проектантските предизвици. Во четвртиот дел ќе бидат претставени неколку најзначајни, пред сè сериски модели на електроавтомобили, при што ќе се добие една заокружена целина за електроавтомобилите во актуелново време.
Неброени и фасцинантни се предностите на електромоторните погони над другите видови погони (види литература [1]), но сепак имаат САМО два многу непријатни недостатоци: зависност од напојување (оловниот акумулатор 50 пати е потежок од бензинот за исто количество енергија!) и мал однос силина-маса на електромоторот! Овие се рак раните на овие погони кои најмногу доаѓаат до израз кај мобилните погони (електроавтомобилите) и кои се вистинска пречка за брз и безболен премин кон електромоторни погони за автомобилите. Впрочем, овие недостатоци се влечат уште од самите почетоци на развојот на автомобилите и тие кон крајот на 19 век се најзаслужни за елиминирање на електроавтомобилот од игра. Но, дојде време да им погледнеме во очи на овие два проблема и да направиме натчовечки усилби да ги решиме, а сè со една цел: како човештво да станеме независни од фосилните горива што е наша судбина, па и услов за опстанок на планетава.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.