Рубрика: Автомобилска техника
JAGUAR I-PACE – Европски автомобил на годината
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 06.03.2019 - 13:15

Целосно електричниот автомобил Jaguar I-PACE е прогласен за Европски автомобил на годината 2019. Жирито, составено од 60 стручни новинари од 23 земји, на овој автомобил му ја додели наградата што ги препознава техничките иновации, дизајнот, перформансите, ефикасноста и противвредноста.

Тоа што нашето прво електрично возило е исто така и првиот Jaguar што ја доби наградата Европски автомобил на годината, нè прави особено горди. I-PACE е дизајниран и изработен во Велика Британија, почнувајќи од чист лист хартија. Тоа е технолошки најнапредното батериско електрично возило. Автомобил кој постави нови стандарди во областа. Добивањето на наградата Европски автомобил на годината е вистинско признание за тоа што нашиот тим го испорача“, изјави проф. д-р Ралф Спит, главен извршен директор на Jaguar Land Rover.

Дизајниран и изработен во Велика Британија, Jaguar I-PACE бележи одличен успех. Од продадените над 8000 примероци, заклучно со 31 јануари 2019 година, 75%  се во Европа. Автомобилот е конструиран за целосно искористување на неговиот електричен мотор. Поседува алуминиумска конструкција, а истовремено нуди спортски перформанси и практичност на SUV-возило.

Откако беше претставен пред една година, I-PACE има добиено 55 награди низ целиот свет, вклучувајќи ги и наградите Автомобил на годината во Германија, Норвешка и во Британија, TopGear magazine EV of the year на BBC, Green Car of the Year во Кина и Autobest's ECOBEST Award.

Повеќе информации за I-PACE тука

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови: