Се кристализира ситуацијата со алтернативниот погон на моторните возила и денес може слободно да се рече дека електричната енергија (ќе) е доминантен погон за нив. Имено, повеќе земји од ЕУ (Германија, Данска, Норвешка,...) веќе донесоа закони со коишто се забранува продажбата на нови бензински и диселски автомобили по 2025 година. Ова значи дека електричните возила ќе станат доминантна алтернатива на класичните возила. Со тоа се поставуваат неколку интересни прашања. Недостигот на електрична енергија ќе е евидентен и како ќе се рашава тој проблем? Друго интересно прашање е цената на електричната енерија за моторните возила и дали таа цена ќе се одрази на цената на електричната енергија за домаќинствата? И трето прашање е развој на инфраструктурата наменета за полнење на електричните возила со струја. Србија веќе на големо дискутира за овие предизвици, а доказ за тоа е што деновиве во Белград се одржува конференција посветена на иднината на автомобилската индустрија со перспектива на изработка на нози законски рамки и можни економски мерки за развој на инфраструктурата (види на приложените линкови). Конференцијата е организирана од Министерството за градежништво во соработка со Електротехничкиот факултет и Електростопанството на Србија како и националната асоцијација за електрични возила итн. Потребно е час поскоро и ние во Македонија да почнеме сериозно да се припремаме и да почнеме со решавање на овие предизвици затоа што тоа пред с# е за наше добро, а и затоа што ние не можеме да бидеме изолиран остров на картата на Европа. Само еден банален пример. Од 2025 година странците помасовно ќе доаѓаат во нашата држава со електрични возила. Каде ќе ги полнат нив со струја? А ако нема постројки за полнење со струја дали ќе доаѓаат во Македонија или ќе ја заобиколуваат? Време е Македонија да почне да се подготвува и да изгради стратегија како и да ја донесе потребните законски регувалтиви кои ќе ги третираат овие проблеми. Да не бидеме затечени и во дефицит со време утре. Денес е вистинскиот момент (а и крајниот момент) да почне да се делува во решавањето на овие проблеми, за утре да не прераснат во пречка за нашето сообраќајно интегрирање во општите светски цивилизациски текови. Томе Скендеровски