Електроника

Во претходниот број на ЕМИТЕР, во првиот дел од овој проект беше детаљно опишан и изработен 100W-ен сабвуферски засилувач за автомобил. Додека во овој, втор дел од проектот детално ќе биде опишан и изработен DC/DC конверторот за 12V/±35V, односно потребното симетрично напојување за овој 100W-ен сабвуферски аудиозасилувач со чија помош напонот од акумулаторот од 12V ќе го претвориме во симетричен напон од Us=±35V.


Електроника

Симулацијата на електронските кола сè повеќе се применува во последните десетина години. Од неа имаат корист и студентите, и проектантите, и ентузијастите. Правилно применета, таа може да ги премости сложените математички пресметки и долготрајните изработки на прототипи и пробни уреди. А може да послужи и како нагледно средство во образовниот процес. Но, со погрешен пристап, симулацијата може да води кон заблуди и погрешни претстави.


Историја и археологија

Хетитското кралство е една од најраните и најнапредните држави во стариот век, а сепак во нашите учебници или одвај се спомнуваат или воопшто нема никаков напис за нив. Откривањето на хетитската цивилизација започнува во првата половина на 19-ти век кога францускиот патник и археолог Феликс Мари Тексие (1802-1871) во 1834 година дошол до турскиот град Богазкале (антички назив Халис) и ја преминал реката Кизилирмак во потрага по античкиот град Тавиј. Дали народот што му го даде железото на нашата цивилизација не заслужува повеќе внимание? 


Автомобилска техника

Само како илустрација и без некои поголеми амбиции ќе се осврнам на неколку модели на електроавтомобили кои се произвеле последниве неколку години од големите автомобилски брендови. Целта ми е да ги нагласам карактеристичните особини со цел јасно да се видат проблемите и предностите на електроавтомобилот во однос на класичниот автомобил согласно со денешниов дострел на техниката и технологијата.


Електроника

Сигурно сте се запрашале како работи бесконтактниот полнач на батеријата во електричната четка за заби? Можеби љубопитно сте погледнале во нејзината внатрешност и сте добиле некоја претстава за нејзината структура и функција? Следете го написот, па заедно да и ги вратиме вибрациите на прегорената четка за заби со изградба на нов батериски индуктивен полнач.


Астрономија и астронаутика

Благодарејќи на анализата на сеизмичките податоци од сеизмографите поставени на Месечината при мисиите Аполо, научниците конечно ја откриле нејзината внатрешна структура. Нивните наоди ја потврдуваат поранешната претпоставка за блиска поврзаност на Месечината со Земјата.


Аеронаутика

Крило со променлива геометрија е авионско крило кое може да го менува аголот на стрелата во лет, т.е. да се закосува наназад и враќа во првобитната положба. Притоа големите агли на стрелата се користат за големи (суперсонични) брзини, додека малите агли се користат за помали (дозвучни) брзини, овозможувајќи авионот да може да носи повеќе гориво и/или корисен товар, како и подобрување на неговите полетно-слетни перформанси.


Астрономија и астронаутика

Мисијата на НАСА, "Кеплер", обелодени нова категорија егзопланети, наречена категорија "Суперземји". Меѓутоа, тоа на теоретичарите им причинува главоболка, бидејќи тие егзопланети орбитираат преблиску до својата матичната ѕвезда, т.е. во простор каде што според стандардниот модел за формирање планетски системи, тие не би можеле да бидат формирани!?


Автомобилска техника

Вкупно деветте брзини распоредени во два менувачи, еден диференцијал, две мокри Haldex-спојки, масата од само 35 килограми на предниот погон, иновацијата во погонот (суспензијата) од прва категорија која е патентно заштитена, а истовремено со погон на сите четири тркала, се доволна провокација да го прочитате написов кој е посветен на погонот (дистрибуцијата на силината) на новиот Ferrari FF 4RM кој е претставен во март 2011 година на саемот "Женева мотор шоу". 


Индустриски дизајн

Илјадници нови производи годишно, дел од нив ќе го најдат своето место на пазарот, а само мал број ќе ја победат трката со времето. Што е тоа што еден дизајн го прави безвременски? Рецепт по кој би се воделе не постои, а одговорот се наоѓа во времето. Сепак, ќе се обидам да фрлам малку светло на оваа тема со неколку карактеристични примери по мој избор, со кои, пред сè со фактографија, ќе се обидам да ја разбранувам вашата фантазија барајќи го клучот на успехот на конкретниот дизајн.


Металство и машинство

Во овој напис ќе ве запознаеме со историскиот развој на нумеричкото управување, технологија која е широко распространета во машинската индустрија, притоа ќе ги изнесеме и главните придобивки и достигнувањата на нумеричкото управување.


Информатика

Корисничкиот интерфејс на Андроид на кој сте навикнати на вашиот мобилен телефон ќе ве пречека и на вашиот фрижидер додека го пиете утринското кафе, разговарате со пријателите на Facebook или ги читате најновите вести на интернет.


Информатика

Во овој број накратко ви претставуваме неколку freeware апликации коишто претставуваат вистински мали научни програмчиња. При изборот внимававме истите да можат да се применат и на постарите Windows оперативни системи (читај Windows XP ;-)). Апликациите лесно се наоѓаат на интернет-мрежата.


Омнибус

Британската телевизија Би-Би-Си на својата интернет-страница побарала од читателите да ги дадат своите предвидувања за тоа како ќе се живее и како ќе изгледа светот по 100 години, а потоа нивните одговори ги анализирале еминентните футуролози Јан Пирсон и Патрик Такер. Еве ги нивните анализи.


Информатика

Новиот графички процесор на AMD донесува низа подобрувања со кои ќе ја стават Nvidia во сериозно искушение. 28 nm-ски производствен процес, нови технологии, нова софтверска поддршка и, што е најбитно, осетно повисоки перформанси во комбинација со подобрен квалитет на приказот! Година и една недела по премиерата на Radeon HD 6900, AMD ја претстави новата архитектура на својот high-end сегмент.


Медицина

Стареењето е неодминлив дел од животниот циклус. Со годините нашето тело ни дава знаци на умор од константната работа која полека се претвора во видливи знаци на стареење. Според најновите истражувања, научниците го идентификувале хемискиот процес кој е одговорен за ова. Дали ова значи дека се отвора простор за изнаоЃање начин за продолжување на животниот век и за одржување на младешкиот изглед?


Електроника

Во технологијата на изработката на интегрираните кола се применуваат сите видови транзистори: биполарни, униполарни или FET и MOSFET и CMOS. Кратенката CMOS (Complementary Metal-Oxid Semoconductor) означува полуспроводник, изработен од два комплементарни и симетрични транзистори од кои едниот е p-мосфет, а другиот n-мосфет. Тој е основна компонента за градба на микропроцесори, микроконтролери, статички RAM и други дигитални логички кола.


Аудио и видеотехника

Ако вашата екипа се состои од само еден човек или им е потребна поголема флексибилност на членовите од екипата, POVCAM камкордерот и портабл AVCCAM HD рикордер / плеерот на Панасоник кој снима на мемориска картичка е бараното решение кое во потполност ќе ги задоволи вашите барања. Овие два уреда ќе ви овозможат вашиот производ да биде квалитетен, а притоа ќе заштедите луѓе, но не и пари!


Аудио и видеотехника

Оние што се бават со видеопродукција им рекоа добредојде на двата нови микрофона на RODE - VideoMic и VideoMic Pro, како и на една година постариот Stereo VideoMic. Заеднички им се и одличниот квалитет на аудиосигналот (фреквентен опсег 40Hz - 20 000Hz, динамичен опсег 114dB и сигнал-шум 74dB) и можноста да се користат во разни ситуации и на различни начини.


Аудио и видеотехника

Професионалните студија, како што е М1 студиото на Македонското радио, се направени за да ги задоволат најстрогите стандарди - имаат добри пропорции на просторијата и совршена акустичка обработка. Но, тоа не е доволно - треба да се најде најдобрата позиција на професионалните мониторски звучници. Тоа се прави исклучиво со мерења.


Електротехника

За многумина оние малечки украсни светилки се обични светилки со метално влакно, но сепак постои суштинска разлика, која ќе се обидеме да ја откриеме во текстот што следува.


Електроника

Овој напис покажува како, од само една батерија од 9V, може да се добие симетрично напонско напојување ±9V само со едно интегрирано коло TLC555 и неколку пасивни елементи.


Медицина

Во трката за пари и егзистенција прекуврементата работа веќе е толку вообичаен дел од секојдневието што никој и не ја забележува. Одрекувањето од часовите на одмор и носењето на работа во домашни услови се дополнително оптовварување за организмот. Независно од тоа дали се бавите со интелектуална или физичка работа стресот којшто телото го трпи во долгите часови без одмор е една од главните причини за пад на имунитет за што ќе проговориме накратко во овој напис.


Информатика

Со развојот на информатичката технологија добиени се многу можности за создавање модели што би симулирале разни појави од реалниот живот. Една од тие можности е симулација на сообраќаен тек на автопат. Со нејзина помош можат да се добијат повеќе информации, што понатаму можат да се искористат за намалување на сообраќајните метежи на автопатиштата. Таква симулација може да се најде на интернет страница traffic-simulation.de. Автор е Мартин Траибер од Универзитетот во Дрезден.


Информатика

Добриот прием на AMD Fusion моделите на процесори повлече размислување за изведба со отклучен множител. Минатиот месец ја донесе и таа желно очекувана новина…


Омнибус

Науката постојано ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини.


Информатика

NetGenie е прекрасен мал рутер ако сте се "намерачиле" на модел со одлични способности за филтрирање. Тој овозможува повеќе нагодувања, што се однесува до блокирањето на непожелни содржини. Истовремено уредот е мошне флексибилен кога станува збор за давање непречен пристап на овластените корисници, преку сметки заштитени со лозинка или, пак, со ставање на нивните уреди на т.н. "бела" листа.


Електротехника

Изненадувачки чудно, реномиран бренд за електрични алатки да е еднакво добар во производство на електрична правосмукалка со компактен дизајн, едноставност во експлоатацијата, голема моќност, мала тежина, цврст материјал и голема маневарска подвижност. Еднакво добра и за индустриска примена и за во домот, еднакво добра за чистење на суви и течни нечистотии и материи. Да, тоа е МАКИТА.


Фототехника

Кога пред извесно време во Емитер имавме потреба од осветление за снимање мали предмети, какви што се прототипите во електрониката или нивните ППК, пријатно бевме изненадени што ги најдовме Dynaphos производите и на македонскиот пазар.


Телекомуникации

Во радиоаматеризмот, под QRP активности се подразбираат одржувањето радиоврски со мала излезна моќност на предавателот, додека едновремено се тежнее кон ефектно максимизирање на дистанците на коишто се комуницира.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката.


Омнибус

Централната молекуларна зона на нашата галаксија;
Полнач што работи на вода;
Рекорден пораст на радиоаматерската популација во САД;
All-in-One компјутерите на HP најголеми дебитанти на CES;
Учење преку игра;
Алуминиум загреан на 2 милиони степени целзиусови!;
Златни и сребрени наномеурчиња;
Утринската цигара е најопасна;
Даниел Димовски – најдобриот млад мерцедес дизајнер од Македонија;


Писма
Влага и мувла во станот
Рубрика слична на Mythbusters во ЕМИТЕР
Водородни бустери
Зголемување на моќноста на конверторот за симетричен напон од Е7-8/06