Рубрика: Автомобилска техника
Погонот на Ferrari FF 4RM
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Вкупно деветте брзини распоредени во два менувачи, еден диференцијал, две мокри Haldex-спојки, масата од само 35 килограми на предниот погон, иновацијата во погонот (суспензијата) од прва категорија која е патентно заштитена, а истовремено со погон на сите четири тркала, се доволна провокација да го прочитате написов кој е посветен на погонот (дистрибуцијата на силината) на новиот Ferrari FF 4RM кој е претставен во март 2011 година на саемот "Женева мотор шоу". Досетката е интелигентна и невообичаена, а резултатите и ефектите, според фабричките тастирања во реални услови, се над очекувањата и се за секоја пофалба. Впрочем, проследете го текстот и запознајте се со оригиналните идеи на инженерите во "Ферари".

Класичното решение за погон 4x4 (или 4WD), т.е. погон на сите 4 тркала, подразбира силината од моторот да се предаде на меѓудиференцијалот (денес најчесто Haldex-спојка), од него се дистрибуира во одреден сооднос на предниот и на задниот диференцијал, а од таму на тркалата. Сето ова е сложена конструкција, особено со барањата за определени блокади (против пролизгување) и корекции (одземање и додавање на силина на поодделни тркала) заради наголемување на стабилноста при возењето. Исто така, ваквиот погон бара многу место за да се инсталира во долниот дел на автомобилот, со што или автомобилот е поголем или пак просторот за патници е значително намален. Тежината на погонот е, исто така, значителен проблем. Класичното решение на погонот 4x4 е примерно кај off-road возилата, специјалните возила и сите оние возила кај кои оваа опција е постојано (или многу често) вклучена со цел за задоволување на моменталните потреби за проодност и стабилност на возилото.
Сакајќи сепак да ја подобрат проодноста, а воопшто, ни најмалку да не бидат начнати спортските карактеристики на возилото (мала маса, речиси никакво расипување на силината во преносниот систем – особено при спортското возење, спортски дизајн, мало возило, ....), ферариевите инженери во Маранело за новото возило од класата Turisimo Strada започнале да размислуваат на оригинален начин.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.