Рубрика: Автомобилска техника
DSG менувачи
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тркачките и спортските автомобили секогаш за сè "бараат" нешто повеќе, многу повеќе! Меѓу другото, бараат континуирано забрзување при промената на степенот на пренос (да нема прекин на силината!) и бараат секавично брза промена на степенот на пренос. Исто така, истовремено бараат максимален степен на полезно дејство од преносникот. Точно така: контрадикторни барања кои тешко можат истовремено да се реализираат како реална конструкција. Сепак, на општо задоволство, комерцијалната реализација светлината на денот ја здогледува во 1985 год. во преносникот на Порше познат по трговскиот назив PDK, т.е. преносник на Порше со двојна спојка. Во текстот што следува ќе се запознаеме со автоматските преносници со двојна спојка, т.е. DSG преносниците.

Во ова, трето продолжение од серијалот за современите автоматски менувачи, ќе ги разгледаме единствените автоматски менувачи кој се изборија и го заслужија своето место во тркачките и спортските автомобили, вклучително и F1 болидите. За останатите три концепти на современи автоматски менувачи, не смее ниту на сон да се помисли за нивна примена во тркачките автомобили. Се поставува прашањето: што е тоа толку супериорно кај овие преносници па се како резервирани за современите тркачки автомобили? Одговорот е: молскавично брза промена на степенот на пренос и тоа без прекин на силината и високиот степен на полезно дејство на менувачот. Како е изведено ова и дел од тоа што се случува во преносникот ќе прочитате во текстов што следува.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.