Рубрика: Автомобилска техника
Одржување и поправка на автомобилите (15): Одржување на системот за ладење на моторот
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Интересен е системот за ладење кај автомобилите кои се опремени со мотор со внатрешно согорување. Многу е пишувано за него и уште многу ќе се пишува. Кај постарите возила редовно е на мета на расипување, постојано бара внимание и нега. Поновите автомобили се поотпорни на овие проблеми од две причини: едната е што конструкцијата (од сите аспекти) им е посовршена, а другата причина совршено е отсликана со констатацијата "ново си е ново". Текстов што следува го посветувам на одржувањето и поправката на системот за водено ладење на автомобилите.

Во ЕМИТЕР 2/04 е пишувано за системот за водено ладење, во ЕМИТЕР 3/04 е пишувано за системот за воздушно ладење а во ЕМИТЕР 5/04 е пишувано за одржување на системот за ладење кај автомобилите опремени со мотор со внатрешно согорување, а овај напис ќе биде нивно надополнување. Исто така, текстов ќе биде посветен само на системите со водено ладење.
Следниве неколку работи мораме во секое време да ги знаеме за системите со водено ладење кај автомобилите.
1. Секогаш да се употребуваат оригинални резервни делови. Безкомпромисно инсистирајте на тоа. Во спротивно, доаѓа до непријатни и релативно скапи дефекти и неоптимално функционирање на овој систем кои тешко се дијагностицираат и поправаат.
2. Во системот за ладење секогаш користете антифриз како средство за ладење преку целата година. Долевајте вода само во исклучителни и изнудени ситуации.
3. Инсистирајте во секое време системот за ладење да е во исправна состојба, никаде да не пропушта антифриз и бргу да ја постигнува и да ја одржува нормалната работна температура (температурата ја прикажува соодветниот инструмент на инструмент-таблата).
4. Никогаш да не се вози автомобилот со дефектен систем за ладење, затоа што ризикуваме тешка хаварија на моторот.
Во продолжение ќе се осврнам со кратки размисли, совети, напомени и трикови на неколку карактеристични делови кои се најподложни на дефекти од системот за водено ладење на автомобилите.

Клучни зборови:

Ладилник затнат од бигор (лево) и чист прооден ладилник (десно)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.