Уводник

Конечно, веб–сајт на ЕМИТЕР! Велам конечно затоа што првични планови за негова изработка имавме уште во далечната 1998 година, но од мноштво оправдани причини за кои нема да говорам во оваа пригода, реализацијата се случува дури сега. Ова е голем настан за ЕМИТЕР и за емитерџиите.


Електроника

За тестирање на извори за напојување и трансформатори е неопходен потрошувач, и тоа променлив по можност. Неколку отпорници со голема моќност најчесто завршуваат работа. Овој начин не секогаш е изводлив, а никогаш не е безбеден. Електронскиот товар што ви го нудиме е далеку поприфатливо решение. Ако ништо друго, сигурно нема да ве "дрмне" струја.


Енергетика

Во ова, второ продолжение од темата посветена на перпетуум-мобиле, ќе претставам и прокоментирам неколку карактеристични, и, пред сè, едноставни примери кои биле инспирација и ангажман дури и на познати научници (на пр., Леонардо да Винчи) трагајќи по вечното движење. Се разбира, обидите се неуспешни, времето е залудно потрошено, материјалните средства – исто така, а останат е само горчливиот вкус на неуспехот.


Автомобилска техника

Интересен е системот за ладење кај автомобилите кои се опремени со мотор со внатрешно согорување. Многу е пишувано за него и уште многу ќе се пишува. Кај постарите возила редовно е на мета на расипување, постојано бара внимание и нега. Поновите автомобили се поотпорни на овие проблеми од две причини: едната е што конструкцијата (од сите аспекти) им е посовршена, а другата причина совршено е отсликана со констатацијата "ново си е ново".


Астрономија и астронаутика

Во второво продолжение од текстот за телескопи ќе се запознаеме со монтажите за телескопи, филтри, ќе има и некои совети за купување на телескопи, а за првпат во ЕМИТЕР ќе бидат обработени и двогледите.


Аудио и видеотехника

Телевизијата во Македонија доаѓа на почетокот на шестата деценија од минатиот век, а почетоците се поврзани со формирањето на Македонската радио телевизија. Затоа на многумина, текстов ќе им заличи како историја на оваа телевизиска куќа. Потврда за тоа е фактот што телевизиите кои се појавија подоцна ги градеа главно технички кадри со искуствата и со стручните знаења стекнати во МРТ.


Информатика

Денес кога интернетот е навлезен во сите пори од општественото живеење, и кога е секојдневна човекова потреба за информации, знаење, забава, и комуникација, сигурно нема некој што не ја сретнал кратенката "HTML". Многумина знаат и ја користат, некои знаат за што служи, а некои едноставно не ги заинтересирало.


Информатика

Мноштвото формати кои постојат кај дигиталните слики како да внесуваат повеќе забуна одошто квалитет, а нивното непознавање често води кон поразителни резултати. Апсолутно не е редок случај да се употреби несоодветен формат кој ќе го деградира квалитетот на вашата дигитална слика пред воопшто да бидете свесни за тоа. Затоа постои потреба од добро познавање на оваа проблематика.


Телекомуникации

Кога сме кај архитектурата на интелигентните антенски системи, во продолжение ќе разгледаме некои основни (воведни) поими од технологијата на смарт-антените, со цел да го сфатиме нивниот принцип на работа, како и начинот на кој се остварува нивната интелигентност. Исто така, ќе разгледаме и еден функционален блок-дијаграм на интелигентен антенски систем, без да навлегуваме подетално во хардверската имплементација на секој од блоковите што го сочинуваат системот.


Фототехника

Големата понуда на разна фотографска опрема на пазарот го прави тежок изборот на она што навистина ни е потребно. За да ви ги олеснам маките, во ова продолжение на оваа "мини – серија" во рамките на школата за фотографија, ќе се обидам да ви дадам основни насоки на кои работи треба да се обрне внимание при изборот на најбитниот дел од фотографската опрема - објективот, со цел да извршиме набавка базирана на нашите вистински потреби.


Архитектура и градежништво

Во македонската градежна пракса се среќаваат 4 варијанти на топлинска изолација на надворешни фасадни ѕидови: изолација од надворешна страна, во средина на ѕидот ("сендвич-ѕид"), од внатрешна страна и низ целата дебелина на ѕидот (ѕид од гас-бетон). И покрај тоа што по однос на цената за изведба на секоја од четирите варијанти не постои битна разлика, постои огромна разлика по однос на нивната енергетска ефикасност и долговечноста.


Омнибус

Како и секоја година и годинава во октомври се одржа саемот за техника Технома 2009, овојпат од 13 до 17. Паралелно со Технома веќе традиционално се одржаа и меѓународните изложби на пронајдоци иновации и нови производи МАКИНОВА и ЕКОНОВА 2009. Ние прошетавме по саемот, разгледавме и еве ги нашите впечатоци.


Астрономија и астронаутика

Долго време човекот ја набљудува и ја проучува Месечината, нашиот единствен природен сателит. Неколку пати беше на неа. И кога веќе мислевме дека знаеме за неа сä, таа покажа едно ново лице. Последните истражувања покажуваат дека на Месечината има вода, а таму се наоѓа и најладното место во Сончевиот систем. Да, да, на нашата Месечина, онаа која мислевме дека ја познаваме.


Астрономија и астронаутика

Галилео Галилеј, своевремено жестоко прогонуван и осуден од црковната инквизиција за ерес, денес добива пофалби од Ватикан за неговиот пионерски придонес кон астрономијата!?


Аудио и видеотехника

Soundcraft Si3 е дигитален миксер кој со својот голем број на влезови и шини е погоден како за изведби во живо и турнеи така и за фиксни студиски инсталации. Во квалитетот и можностите на Soundcraft Si3 можеа да се уверат и посетителите на овогодинешниот Скопски џез фестивал


Електроника

Прикажаниот тип на напојување има селективен карактер во однос на влезниот напон. Напон на излезот од напојувањето се појавува само доколку на неговиот влез е присутен напон поголем од една одредена зададена вредност. За напони на влезот кои се помали од таа вредност, напојувањето не дава излезен напон.


Електроника

Сензорите се среќаваат насекаде во секојдневниот живот, во автомобилот што го возиме секој ден, во разни машини за обработка на материјали на кои работиме во текот на работното време, во авионите со кои летаме на оддалечени дестинации и во многу други примери на разни мерења. Сензорите се претворачи на промената на некаква неелектрична големина или параметар во сигнал кој носи информација за таа промена. Тој сигнал, по својата природа, може да биде: електричен, оптички или механички.


Електроника

При процесот на контрола, процесната променлива мора да биде регулирана со цел да ја достигне посакуваната работна точка. Регулирањето на процесната променлива се изведува преку различни типови на дејство на контрола. Типот на дејство на контрола кој што е соодветен за даден процес зависи од природата на процесот и неговите динамички карактеристики. Во продолжение се разгледани основните типови на дејство на електронските контролери.


Информатика

Можеби Македонија сè уште не ги исполнува сите критериуми за да биде дел од "Западот", но, сепак, барем на 22 октомври бевме рамо до рамо со остатокот од светот, кога во исто време се одржуваше презентацијата на новата верзија на најкористениот оперативен систем, Microsoft Windows.


Информатика

Многумина би рекле дека АМД полека но сигурно го изгуби чекорот во борбата за производство на врвни процесори со конкурентот Интел, но други, во кои спаѓам и јас, ќе речат дека АМД само го насочи својот развој во друг правец. Да, вистина е дека најдоброто што го има АМД не може да се носи со најдоброто што го има Интел, но вистина е и тоа дека АМД држи добар дел од пазарот на процесори од средна класа, односно нуди подобар однос цена – перформанси.


Информатика

Верувам дека на сите ви се познати SLI (Scalable Link Interface) и CrossFire tehnologiite. Оригинално претставени од двете најголеми компании за производство на чипови, Nvidia и AMD/ATI, овие две платформи овозможуваат истовремено користење на повеќе графички картички на еден компјутер заради зголемување на квалитетот на графичкиот приказ и воопшто на целокупните перформанси. Платформите користат PCIExpress слотови, а секоја од нив има свои карактеристики.


Информатика

Беше прашање на време кога повеќејадрените процесори ќе бидат достапни и во буџет-категоријата. Трендот на развој на мултијадрените процесори, поттикнат од брзинската бариера и паралелната оптимизација на оперативните системи и графичките API-и за работа со таквите процесори ја забрза транзицијата кон широките народни маси.


Омнибус

Nikon Coolpix S1000;
Џиновски меур од сапуница во нашата галаксија;
Latitude Z - лаптоп на DELL со безжично полнење;
Сопствен пикосателит за 8000 долари;
Циклус популарни астрономски предавања по седми пат;
"Мобилка" што ќе се полни од воздух;
Внимавајте, Facebook;
Мајкрософт Визија 7;
Нови македонски фонтови;
Audium AS1001 - 100W засилувач погонуван од 1,5V батерија!?;
"Паметен" плеер на LG;


На граница на науката

Во некои книги и списанија се објавени сензационални тврдења дека постојат експериментални докази дека билките реагираат на мислите на човекот, дури повеќе отколку на самите дела на човекот. Колку од ова е точно? Во ова второ продолжение на темата за душата на билките, ќе бидат спротиставени досегашните тврдења добиени од резултатите на поранешните експерименти, со резултатите од најновиот експеримент направен од Филевски.


Електроника

Зошто врвот на моето лемило постојано поцрнува и се разјадува? Зошто тоа не го задржува добро калајот, туку тој се претвора во топче и бега од местото на лемењето? Зошто моите споеви не изгледаат убаво и понекогаш бакарната фолија се одлепува од самата печатена плочка при лемењето? Во претходниот број ги разгледавме причините за некои од овие проблеми. Во овој број ви нудиме уред со кој ќе решите некои од нив.


Електроника

Кога сте на планина планинскиот воздух ве опива и во опушта, истото тоа ви се случува и од морскиот воздух кога се наоѓате покрај морски брег. Значи, планинскиот и морскиот воздух дејствува, односно влијае позитивно на психолошката и физичката состојба на многу луѓе. Сето тоа е резултат на поголемиот број на негативните јони во воздухот.


Историја и археологија

Во годината на Дарвиновите јубилеи еве нова потврда во прилог на Теоријата за еволуција: антрополозите ги усогласиле своите ставови и конечно го промовирале фосилниот наод Ardipithekus ramidus од 1992 год., во "алка која недостасуваше" во еволуцискиот развој на човекот.


Писма
Алтернатори 1
Алтернатори 2
Стабилизатор за 35 лед диоди за заднинско осветлување