Емитер 11/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Беше прашање на време кога повеќејадрените процесори ќе бидат достапни и во буџет-категоријата. Трендот на развој на мултијадрените процесори, поттикнат од брзинската бариера и паралелната оптимизација на оперативните системи и графичките API-и за работа со таквите процесори ја забрза транзицијата кон широките народни маси.
Интересно, тој што прв "потегна нога" во оваа насока не беше славниот "чипзила" – Intel, како што е навикната компјутерската "фела", туку тоа го стори AMD. Филозофијата е јасна – кога веќе не може да се држи чекор во high-end сегментот, подобро е фокусирање на пониските категории, каде што продажбата е најголема. Филозофија која држи вода на долги патеки – поголема продажба во пониските сегменти и финансиско зајакнување. Но, да ги оставиме гигантите сами да си ја водат политиката.
Појавата на двојадрените Athlon дефинитивно ги разби сите сомнежи за опстанокот на овој бренд, кој до не така одамна беше коска во грлото за сите закоравени симпатизери на Intel, па и самиот Intel. Логично продолжение беше четиријадрената верзија, за конечно да ја дочекаме и тројадрената изведба.
Ќе почнеме со Athlon II X4, со оглед дека тројадрениот модел е негов дериват.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.