Рубрика: Информатика
Повеќе од половина век откако беше испратена првата порака преку компјутер
Објавено на 29.10.2024 - 14:30

Денес се навршуваат точно 55 години откако на 29. октомври 1969 година беше пратена првата порака од компјутер до компјутер . Ова беше направено преку ARPANET (Advanced Research Projects Agency Network), претходникот на интернетот. Мрежата ARPANET е оснивана од тогашната ARPA (Advanced Research Projects Agency – денес DARPA), огранокот за научни истражувања на министерството за одбрана на САД. Таа беше наменета за да се користи во проекти на универзитетите и научните лаборатории.

Првата порака беше испратена од студентот Клајн (Charles S. Kline) од универзитетот УКЛА (UCLA – Лос Анџелес, Калифорнија, САД) во 10:30 часот навечер. Текстот на пораката требаше да биде “Login” но само буквите L и O беа пренесени пред да падне системот. Значи, на овој датум се случи и првиот пад на мрежата, еден од многите до денешен ден! После еден час, врската беше повторно воспоставена и конечно зборот “Login” стигна на своето одредиште. Месец дена подоцна, поточно на 5. декември 1969, мрежата броеше 4 (и со букви: четири) компјутери.

Местото каде сѐ започна

Инаку целиот "пакет" од хардвер и софтвер на првобитната ARPANET е базиран на нацртите на британскиот научник Доналд Дејвис (Donald Davies, 1924 – 2000) и Американецот Лоренс Робертс (Lawrence Roberts, 1937 - ) со употреба на тогаш иновативната техника наречена “packet switching” која се состои од групирање на податоците во блокови со соодветна должина наречени "пакети".

Комеморативна плоча поставена во 2023 година од страна а IEEE

А како денес изгледа местото каде интерентот беше зачнат може да погледнете тука

* Бонус видео
Клучни зборови:
Местото каде сѐ започна

Местото каде сѐ започна

Комеморативна плоча поставена во 2023 година од страна а IEEE

Комеморативна плоча поставена во 2023 година од страна а IEEE