Емитер 11/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мноштвото формати кои постојат кај дигиталните слики како да внесуваат повеќе забуна одошто квалитет, а нивното непознавање често води кон поразителни резултати. Апсолутно не е редок случај да се употреби несоодветен формат кој ќе го деградира квалитетот на вашата дигитална слика пред воопшто да бидете свесни за тоа. Затоа постои потреба од добро познавање на оваа проблематика.
Прва поделба можеме да извршиме по следниот основ: дигиталните слики и графики можат да бидат битмапи, односно да имаат одреден растер или, пак, да се составени од векторска графика. Кај битмапите, пикселите кои ја составуваат сликата се подредени во мрежа (редови и колони). Секој пиксел е дефиниран со одреден број на вредности на осветленост и боја. Кај векторската графика тоа е збир на кривини и геометриски тела кои можат да имаат одредена боја, транспарентност или приоритет (напред – назад). Битмапите имаат некоја конечна резолуција, односно конечен број на пиксели распределени на одредена површина и со зголемување можеме да дојдеме во ситуација да ги гледаме пооделните пиксели. Кај векторската графика тоа не е случај, зголемени или не, ние објектите тука ќе ги гледаме со резолуцијата на медиумот (печатач, монитор или отпечаток) - види слика 1. Значи, со векторска графика извлекуваме максимум од системот во поглед на квалитет на сликата. За жал, во сегашниот степен на технолошки развиток, полето на дејство на векторската графика е лимитирано на цртежи, фонтови и графика. Софтверот за конверзија на битмапи во векторска графика во моментот е во својата најрана младост, така што и наједноставните облици се конвертираат со изобличувања на граница на препознатливост. Со судни маки (и безброј грешки) постоечкиот софтвер може да конвертира букви, а да не зборуваме за некои посложени облици како фотографии, на пример. Сепак, интензивно се работи на тоа поле, првенствено во системи за дигитално препознавање на ликови (биометрија), така што развојот на ова поле во наредната деценија е повеќе од извесен. Засега, јас тука нема да ги обработувам фортматите односи на векторската графика, бидејќи ако можете да го заштитите вашиот труд во векторска графика, не двоумете се тоа да го направите! На тој начин ќе добиете мали фајлови и врвен квалитет. Најпознати формати употребени во векторската графика се: CDR и SVG. Во ова продолжение, јас ќе се задржам на најраспространетиот формат кај битмапите: тоа е JPEG форматот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.