Емитер 12/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мноштвото формати кои постојат кај дигиталните слики како да внесуваат повеќе забуна одошто квалитет, а нивното непознавање често води кон поразителни резултати. Навистина треба добро да ги познаваме алтернативите за избор на еден од многуте формати за да не употребиме несоодветен формат кој ќе го деградира квалитетот на нашата дигитална слика пред воопшто да бидеме свесни за тоа. За да го олеснам изборот, денеска ќе обработам еден од најприсутните формати: GIF.
GIF форматот (Graphics Interchange Format - се чита: џиф) е формат кои поддржува битмапи. За прв пат тој е воведен во 1987 од страна на фирмата Компјусерв (CompuServe), првиот поголем онлајн сервис во САД. Форматот поддржува до 8 бита по пиксел односно палета од 256 различни бои избрани од RGB 24 битен дијапазон на бои (16 милиони бои). Тој исто така поддржува анимации и дозволува посебна палета од 256 бои за секој кадар. Ограничувањата во поглед на боите, го прават GIF форматот не толку погоден за репродукција на фотографии со полна палета на бои, но тој е многу погоден за поедноставни слики кои содржат големи површини со иста боја, како графика, цртежи, стрип или разни амблеми.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.