На крај сме на јубилејната година во која се одбележуваат 200 год. од раѓањето на Чарлс Дарвин и 150 год. од публикацијата на неговата книга "Постанок на видовите", со која тој ја промовирал Теоријата за еволуцијата. Но, како таа теорија стои денес, кога се знае дека некои најнови сознанија со кои во меѓувреме науката се збогатила, излегуваат од постоечката нејзина рамка која Дарвин ја поставил пред 150 год?