Рубрика: Фототехника
Школа за фотографија: Изберете ја вистинската опрема - филтри
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Големата понуда на разна фотографска опрема на пазарот го прави тежок изборот на она што навистина ни е потребно. Уште повеќе, од преголемата понуда на истородна опрема од различни производители, често забораваме на лепезата раположиви алатки за одредена намена. За да ви ги олеснам маките, во ова продолжениеќе се обидам да ви дадам основни насоки на кои работи треба да се обрне внимание при изборот на соодветни филтри со цел да извршиме набавка базирана на нашите вистински потреби.

Програмот за обработка на фотографии кој го поседувам има неверојатен избор на филтри за секаква намена. Што ќе ми е повеќе? Само да ми се претураат во мојата фотографска торба?!?
Навистина, програмите за обработка на фотографиите или т. н. "светла комора" даваат големи можности на ова поле. Тие, со соодветна обработка, некоја лоша фотографија можат да ја направат да изгледа добро. Замислете тогаш што можат да направат со некоја добра фотографија! Да биде подобра? Тоа сигурно, но дали тоа е доволно истата да биде извонредна? Не би рекол! Еден од битните предуслови за извонредност на една фотографија претставува техничката беспрекорност, а таа не може да се постигне во "светлата комора" без техничка беспрекорност на снимениот материјал. Со други зборови, снимениот материјал треба да има одредени квалитативни атрибути за истите да можат да се потенцираат со програмите за обработка на фотографиите. Изгубените информации како "прегореното" (преекспонирано) небо или подекспонираните сенки не можат со никакви волшебства да се надоместат, нив едноставно ги нема!
Значи, уште при снимањето треба да "собереме" доволен број релевантни информации за да можеме истите соодветно да ги обработиме. За да ја оствариме оваа цел, во голема мерка можат да ни помогнат филтрите. Постојат повеќе видови филтри и секој од нив има соодветно дејство при соодветни светлосни услови. Така, со нив можат да се намалат големите разлики во осветлувањето, да се балансираат или да се променат боите, да се пренесе дел од, за нашето око, невидлив спектар или да се создадат одредени светлосни ефекти. Сите тие имаат и еден заеднички атрибут кој помалку го забораваме: вршејќи ја својата работа, тие воедно го заштитуваат скапиот објектив од атмосферските влијанија и од мехничките оштетувања.

Клучни зборови:

Правилно изберете филтер за вашите фотографии

Полариза-ционен UV филтер на дело

Една на прв поглед безлична сцена...

...обработена со градационен филтер

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.