Емитер 5/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во првото продолжение на оваа школа за фотографија (Емитер 7-8/2008) ги дефиниравме параметрите на осветлувањето како основен технички чинител кој треба да го совладаме пред воопшто да почнеме да се занимаваме со фотографија. Во ова продолжение ќе ги обработиме овие параметри од еден друг аспект: нивното влијание врз креативната фотографија.
И ова продолжение би го започнал со: "Што има тука да се зборува? " Коментар на некој неупатен кој би се надоврзал: "Мојата дигитална камера автоматски ги нагодува параметрите на осветлувањето и тоа го прави под секакви услови. Со тоа добивам квалитетни фотографии. Уште повеќе, таа има разни програми за различни снимања, како портрети, природа, спортска фотографија, макрофотографија или снимање со светло кое директно доаѓа на камерата".
Јас би се надоврзал на ова со следното: самото постоење на разни програми укажува на комплексноста на проблематиката, односно тоа укажува на фактот дека не постои единствено универзало решение. Во услови на постоење на мноштво решенија од кои само дел се квалитетни, сегашното ниво на развој на вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) не покажува некое високо ниво на доверливост. Второ, но не помалку битно, е тоа што AI треба да знае што сакаме да постигнеме, инаку наместо да ја подобри фотографијата во онаа насока која сме ја замислиле, таа може да ја расипе! Ако знаеме што сакаме да постигнеме, не ни треба AI бидејќи сè се сведува на одредени "шаблони". Но, од своја страна "шаблоните" не даваат ништо повеќе од просечни резултати.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.