Рубрика: Електроника
Електронски товар ELD-05 (2)
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходниот број се запознавте со работните режими на електронскиот товар ELD-05. Сега следуваат детални упатства за негова изработка, почнувајќи од набавка на потребниот материјал, составување и вградување во кутија до завршно тестирање на уредот. На крај има и мноштво совети за употреба на овој електронски товар.

Основна намена на електронскиот товар е тестирање на извори за напојување и трансформатори. Притоа изворите за напојување треба да се поврзат на приклучоците за DC товар, а трансформаторите на приклучоците за AC товар. Тестирањето може да се спроведе во статички или во динамички режим. Работните режими на константна отпорност (Rconst) и константна струја (Iconst) се наменети за тестирање во статички режим. Кога се користи режимот на константна отпорност, омскиот товар со кој се оптоварува уредот што се тестира се одредува со положбата на потенциометарот P4 (отпорност). Кога се користи режимот на константна струја, струјата на оптоварување се одредува со положбата на потенциометарот P3 (струја). Преостанатите три работни режими се наменети са тестирање во динамички режим. Обликот на тест сигналот може биде правоаголен, триаголен или, ако се донесе преку надворешниот BNC-приклучок, со произволен облик. Зачестеноста на повторување на правоаголниот и триаголниот тест сигнал се одредува со положбата на потенциометарот P1 (фреквенција), а опсегот на промена на струјата на оптоварување се одредува со положбата на потенциометрите P2 (амплитуда) и P3 (DC офсет). Со грешка не поголема од ±500mA опсегот на промена на струјата на оптоварување (Imin и Imax) може да се пресмета со формулите дадени на маската, но внимавајте, тие не важат за целиот опсег на промена на потенциометрите P2 и P3. Заедно со формулите и тоа е означено на маската. Конечно, опсегот на промена на струјата на оптоварување кога се користи надворешен тест сигнал зависи од положбата на потенциометрите P2 и P3, но и од самиот наворешен сигнал. Затоа не постои начин тој опсег да се изрази со формула и може да се добие само со директно мерање. При користење на електронскиот товар обрнете внимание на бојата на правоаголниците под потенциометрите. Во секој работен режим се користат само потенциометрите под кои правоаголниците се во боја. Електронскиот товар може да се користи и за тестирање на склопови за прекуструјана заштита или за ограничување на струјата. Во двата случаја склопот што се тестира треба да се поврзе со електронскиот товар преку доволно моќен извор за напојување или тансформатор. Притоа за тестирање на склоповите за заштита треба да се користи режимот на константна струја, а за тестирање на склоповите за ограничување посоодветен е режимот на константна отпорост. Конечно за уште една примена која мене ме изненади. Тоа е тестирање на аудио засилувачи. Корисникот за кого го изработив електонскиот товар не беше расположен за објаснување па поради тоа не можам многу да кажам за оваа примена, но верувам дека на аудиофилите им е јасно за што станува збор. Единствено што знам е дека засилувачот треба да се поврзе на приклучоците за AC товар и дека се користи режимот на константна отпорност. Притоа, грецовиот насочувач во транзисторскиот потрошувач треба да биде изработен од ултрабрзи диоди. Јас употребив MUR1520 и не добив поплаки за избраниот тип.

Технички карактеристики:

Моќност: 200W; max 500W со форсирано ладење;

Режими на работа: - константна струја (Iconst) - константен отпор (Rconst)

Влезна отпорност: 0,25 ÷ 80 ома во режим на константен отпор;

Напонски опсег: - DC влез: 4Vdc ÷ 60Vdc - AC влез: 3Veff ÷ 40Veff ; 50Hz

Струја на оптоварување: - DC влез: max 20Adc - AC влез: max 14Aeff ; 50Hz

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК429
Печатена плочка: MASK41
Транзистори: BD239C, 2N3055;
ИК: TL074, LM 358;
Трафо: 230 V/12V/1A;
Релеј: 230 Vac;
Термички прекинувачи за 75°C и 95°C

Изработениот електронски товар вграден во кутија

Положба на транзис-торскиот потрошувач во внатрешноста на кутијата

Положба на транзис-торскиот потрошувач во внатрешноста на кутијата

Положба на транзис-торскиот потрошувач во внатрешноста на кутијата

Монтажа на плочката на предната плоча

Поглед во внатрешноста на ELD-05


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.