Рубрика: Астрономија и астронаутика
Фобос грунт
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Фобос грунт е нова руска сонда која треба да слета на Фобос, месечина на Марс и да донесе примероци од тлото на Фобос назад на Земјата. Со оваа сонда Русија сака да се врати на полето на истражување на планетите со помош на беспилотни сонди.

Почетоците на планирањето на сондата Фобос грунт (во превод Фобосова почва) се во 1999 година. Таа се состои од орбитер кој треба да остане во орбита околу Марс и лендер кој треба да слета на Фобос, да собере примероци од површината и да ги врати на Земјата. Сондата е развиена од компанијата Лавочкин и рускиот Институт за космички истражувања. Првобитната верзија на сондата требало да биде лансирана со помош на ракетата Протон, а како погон за интерпланетарно крстарење требало да користи јонски мотор. До 2004 година целата програма претрпела неколку ревизии кои се фокусирале на олеснување на сондата што ќе овозможело таа да се лансира со помала и поевтина ракета-носач Сојуз 2. Конструкторите на сондата тогаш објавиле дека таа ќе биде лансирана во 2009 година. Овој рок не изгледал реален, бидејќи таа година биле одобрени само четириесет милиони рубљи, додека целиот проект се проценувал на преку милијарда рубљи.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.