Рубрика: Информатика
Убунту 9.10: Моќта на слободниот софтвер
Автор: Александар Лазаров
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На 29 октомври излезе и беше достапна за секого новата верзија на Убунту ГНУ/Линукс оперативниот систем – Убунту 9.10 чие кодно име е Кармик Коала (Karmic Koala). Убунту 9.10 воведе низа промени, со цел да овозможи полесно извршување на секојдневните работи, како и уживање во оперативниот систем...

Сигурно поголемиот дел од вас е запознаен со ГНУ/Линукс (GNU/Linux) оперативниот систем на некој начин или на друг. Убунту е ГНУ/Линукс дистрибуција која е создадена од Каноникал (Canonical) компанијата и претставува збир на апликации од светот на слободниот софтер, така формулирани да создадат оперативен систем кој ем е лесен за употреба, ем е слободен и бесплатен и достапен за секого. Убунту за прв пат се појави во 2004 година со верзијата Убунту 4.10, со кодно име Варти Вартхог (Warty Warthog) со цел да прерасне во оперативен систем лесен за употреба, слободен и достапен за секого. Преку годините со сигурност може да се каже дека таа цел е тотално исполнета и сè уште успева да нè изненадува со многу новитети и промени. Убунту дистрибуцијата е препознатлива по своето лого. Официјални деривати на Убунту се: Кубунту, Едубунту, Убунту за преносни компјутери и Х-Убунту, но овде ќе се задржиме само на Убунту. Убунту е базиран врз Дебиан (Debian) дистрибуцијата, позната како една од најстарите ГНУ/Линукс дистрибуции.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.