Овој лаптоп компјутер е дел од првата палета производи за кои HP најави дека доаѓаат со вклучен Microsoft® Windows® 8.
HP ENVY TouchSmart Ultrabook 4 плени со својот метален дизајн. Уредот е опремен со multitouch HD дисплеј со дијагонала од 35,5 cm (14"), дебел е сè на сè 23 mm и тежи едвам 2,16 kg. Покрај ова, тастатурата на овој ултрабук компјутер поседува заднинско осветлување, а батеријата овозможува и до 8 часа непрекината работа со едно полнење.
Сабвуферот заедно со вклучениот Beats Audio систем, кој е карактеристичен за линијата ENVY на HP, на корисниците ќе им овозможи целосно искуство на звучните ефекти и музичките ритми.
HP ENVY TouchSmart Ultrabook 4 испорачува моќни перформанси зад кои стојат најновите процесори од Интел, можностите на solid-state дискот, како и истите технологии од Интел кои се достапни и кај HP SpectreXT TouchSmart Ultrabook. Покрај ова, вклучени се и иновациите од HP како што се HP CoolSense, HP Imagepad, HP ProtectSmart, HP TrueVision HD Webcam и HP Connected Photo.
Уредот ќе биде достапен на пазарот кон крајот на оваа година кога се очекува да биде позната и неговата цена.