Рубрика: Астрономија и астронаутика
Почетен курс по астрономија (8): Набљудување со голо око, општи информации и техники
Автор: Филип Парталовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со векови, астрономите ги имале само своите очи за набљудување и истражување на Универзумот. Колку едноставно и да изгледа, голото око е првиот инструмент во астрономијата. Тоа ни озвозможува да ги видиме повеќето планети и да го следиме нивното движење меѓу ѕвездите во текот на сезоните. За набљудување на кометите кои, движејќи се по својата орбита, прелетуваат покрај Сонцето, еклипсите на Сонцето и Месечината, "ѕвездите кои паѓаат", неколку маглини, мал број на галаксии, бројни ѕвездени јата, како и за разбирање на движењето на Земјата во просторот, доволни се само човечките очи.

Еве неколку совети пред да започнете со набљудување: заминете што подалеку од градските светла за да го избегнете светлосното загадување, а воедно и да го искусите ноќното небо со целата своја грациозност. Доколку не сте во можност да одите далеку од вашиот дом, нема потреба од грижа. Има доволно објекти кои можат да се видат и од градските средини. Откако ќе пристигнете на саканата локација, вашиот прв впечаток ќе биде дека не гледате толку ѕвезди колку што сте очекувале. Проблемот е во тоа што на вашите очи им треба време за да се акомодираат на новата, темна околина, процес кој може да трае и до еден час. Исто така, обидете се да не користите бела светлина за време на набљудувањата, а доколку морате, набавете или адаптирајте црвена светилка (нашите очи се најмалку осетливи на црвените бранови должини и не предизвикуваат варијации во ширината на зеницата). Понесете и столче или лежалка дололку планирате да набљудувате некој метеорски рој, како и прибор за запишување на објектите што ги гледате, а може да се обидете и да ги нацртате.

Графички приказ на хоризон-талниот координатен систем

Скала за привидните магнитуди.

Големата мечка ја менува положбата поради револуцијата на Земјата

Големата мечка е водилка до посјајните ѕвезди и соѕвездија на северното небо.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.