Рубрика: Астрономија и астронаутика
Јавно набљудување на планети и Месечината
Автор: Скопско Астрономско Друштво
Објавено на 02.03.2026 - 16:15

Изминативе денови на интернет беше многу актуелно т.н. „поредување на планетите“. Иако на небото нема никаква значителна промена, тоа е одличен повод повторно да се свртиме кон вистинското доживување на небесните објекти, преку телескоп.

Затоа, во вторник на 3.3.2025 година, Скопското астрономско друштво организира јавно набљудување со телескопи. Ќе имате можност одблиску да ги погледнете планетите Венера, Сатурн и Јупитер, како и Месечината, и да уживате во нивните детали кои не се видливи со голо око.

Телескопите ќе бидат поставени на паркингот пред влезот на Кале со почеток во 17 часот и 30 минути.

Скопското астрономско друштво ве кани да им се придружите во нова средба со планетите и Месечината, споделување на убавината на ноќното небо.

Клучни зборови: