Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мноштвото формати кои постојат кај дигиталните слики како да внесуваат повеќе забуна одошто квалитет, а нивното непознавање често води кон поразителни резултати. Големата разноликост не е само производ на маркетиншко ориентирани спротивставени табори кои единствено гледаат да го пласираат својот производ, туку и како резултат на концепции со различен приод кон проблематиката зависно од ликовните и графичките потреби.
Иако наменет како "брза" супституција на својот постар брат GIF, PNG се покажа како негова достојна замена со подобрени атрибути на повеќе полиња, како подобра компресија, на пример. Каква иронија! Бесплатниот алгоритам во многу подобар од милионски платената лиценцирана LZW компресија поради која пропаѓа еден Компјусерв! Но, тоа не е единственото поле каде што PNG е подобар од GIF, тука се градациите на транспаренција, поддршка на маски, поддршка на повеќе бои и воопшто со повеќе корисни опции. Но, би можело да се каже неправедно, PNG никогаш не го доби местото кое го заслужува меѓу форматите на битмапи. Тоа првенствено се должи на силните опструкции на одредени кругови чиј притисок спласна со истекувањето на авторските права врзани за LZW компресијата во 2003 и 2004 година. Последните неколку години PNG форматот почнува да го зазема своето заслужено место полека потиснувајќи го веќе "застарениот" GIF формат.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.