Емитер 11/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во некои книги и списанија се објавени сензационални тврдења дека постојат експериментални докази дека билките реагираат на мислите на човекот, дури повеќе отколку на самите дела на човекот. Колку од ова е точно? Во ова второ продолжение на темата за душата на билките, ќе бидат спротиставени досегашните тврдења добиени од резултатите на поранешните експерименти, со резултатите од најновиот експеримент направен од Филевски.
Стојмир Симјаноски: .... Клучните докази за осетите и свесните реакции кај билките ги дал њујоршкиот експерт за обука на полициски стручњаци за работа со детектор за лаги, Клиф Бакстер, во 1966 г. Тој еднаш сосема случајно сакал да провери дали и какви реакции ќе покаже собната тропска палма dracaena massangeana ако ѝ стави вода во коренот и ја приклучи на осетливиот галванометар. Чудото се случило дури кога Бакстер помислил да запали еден лист од палмата и стрелката на полиграфот скокнала. Бакстер се збунил и наеднаш почувствувал потреба да истрча надвор и гласно да извика: луѓе, билките се способни да мислат, бидејќи наеднаш сфатил дека билката ја прочитала неговата намера и реагирала дури повеќе отколку кога го горел листот. Сфатил и дека втрчал во таинствениот свет на билките кој свет ќе почнел постепено да се отвора и да ги покажува не само своите волшебни загатки, туку и своите фантастични можности. ....
Владимир Филевски: ...Што може да каже стручната јавност за тврдењата на Клив Бекстер - дека растенијата можат телепатски да ги читаат мислите на луѓето и дека таа реакција на билките може да се измери со едноставен омметар? Еве, јас (нескромно) сметам дека припаѓам на таа стручна јавност, но ќе се воздржам веднаш да го прокоментирам тоа тврдење на Бекстер, следејќи ја научната процедура и академската воздржаност. Затоа, решив да направам експеримент, следејќи го оригиналниот експеримент на Клив Бекстер!....
ЗА ФЕЉТОНОТ
Сè уште постојат недоволно истражени подрачја од науката и теми за кои има различни ставови и толкувања кои ја скокоткаат фантазијата на сите љубители на науката. Во овој фељтон за мистерите на науката дебатираат најпознатиот македонски трагач по мистерии Стојмир Симјаноски и "resident science DJ" Владимир Филевски. Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прв е текстот на Симјаноски, потоа одговорот од Филевски, а на крај евентуалната реплика од Симјаноски, на која Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт ќе предизвика голем интерес кај читателите, па затоа страниците на рубриката "Писма" се отворени за вашите коментари.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.