Рубрика: Електроника
Електронски контролери: Избор и апликации (3)
Автор: Мирослав Китаноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


При процесот на контрола, процесната променлива мора да биде регулирана со цел да ја достигне посакуваната работна точка. Регулирањето на процесната променлива се изведува преку различни типови на дејство на контрола. Типот на дејство на контрола кој што е соодветен за даден процес зависи од природата на процесот и неговите динамички карактеристики. Во продолжение се разгледани основните типови на дејство на електронските контролери.

Од аспект на контролното инженерство, контролираниот процес започнува од точката каде што контролерот го воспоставува своето излезно ниво, а завршува во точката каде што е постигната процесната вредност (тоа го регистрира сензорот). Контролираниот процес е и предмет на надворешни пречки, кои со своите промени влијаат врз процесната вредност.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.