Рубрика: Аудио и видеотехника
Развој на телевизијата (4): Телевизијата во Македонија
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Телевизијата во Македонија доаѓа на почетокот на шестата деценија од минатиот век, а почетоците се поврзани со формирањето на Македонската радио телевизија. Затоа на многумина, текстов ќе им заличи како историја на оваа телевизиска куќа. Потврда за тоа е фактот што телевизиите кои се појавија подоцна ги градеа главно технички кадри со искуствата и со стручните знаења стекнати во МРТ. Како минуваа годините , а и денес, се разбира, многу нешта се изменија, па така новите технологии доаѓаат по нови патишта и со нови стручни кадри за оваа област.

За почетокот на телевизијата во Република Македонија постојат две верзии: едната е дека телевизијата на овие простори стартувала со формирање на редакција и снимање на првата видеовест од Македонија, која е емитувана на 1 септември 1960 година преку мрежата на тогашната Југословенска Радио Телевизија (ЈРТ), чија членка во тоа време е Македонија. Автор на веста и еден од основоположниците е новинарот Драги Аргировски, денес пензионер. Другата верзија, која, всушност, претставува продолжение на првата, е дека Телевизија Скопје започнала со работа на 14 декември 1964 г., кога од импровизирано студио (хангар) бил емитуван првиот ТВ-весник на македонски јазик. Според малкумина кои сè уште можат да ги потврдат историските факти во "живо", а еден од нив е авторот на првата ТВ-вест, работите се одвивале вака:
Во 1958 година стартувала телевизијата во Белград, главниот град на тогашна Југославија и центар на сите случувања на највисоко ниво, па и на телевизиските. Пред Белград постоела телевизијата во Загреб и таа е, всушност, првата телевизија во тоа време на овие простори. Истата година Советот на Радио Скопје, со кој претседавал Трајче Грујовски, на 20 ноември, на предлог на директорот Веселинка Малинска, донесува историска одлука за формирање тим кој ќе го реализира новиот проект наречен "Телевизија Скопје".

Клучни зборови:

Монтирање на опрема на Пелистер.

Прва ТВ-слика “фатена“ во Македонија.

Драги Аргировски во 1961 г. - прва ТВ-вест на македонски јазик.

14.12.1964 - почеток на емитување на свој ТВ-дневник.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.