Емитер 10/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Од ден на ден е сè поголем подемот на 3Д-филмови, телевизиски програми и видеоигри. За да биде реализирано тоа, беше потребно да се произведе соодветна техника. Се појавија на пазарот одлични камери за снимање и емитување програма во живо во 3Д, но тоа не е доволно за да се добие квалитетен производ во 3Д. Во текстов се дадени некои совети и објаснувања за осветлување кога се работи во 3Д, иако кај нас таа технологија сè уште не влегла на голема врата, но и тоа неминовно ќе дојде. Постарите читатели на ЕМИТЕР сигурно се сеќаваат дека беше така кога дојде HD (high definition), па ете денес тоа е тука и е реалност.
Советите за тоа како да се направи добро светло кога се снима во 3Д се со цел да се запознаете со оваа проблематика, но и еден ден да можете да го добиете најдоброто можно, бидејќи и најдобрата камера со лошо поставено светло дава лош производ. Како и сè друго, и осветлувањето се менува и носи нови предизвици кај креаторите на светлото, кои според многу елементи се наоѓаат меѓу техниката и уметноста.
Во текстов ќе прочитате колку многу светло им е потребно на 3Д камерите, каква светлосна техника и каков мониторинг се потребни за добро осветлување.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.