Емитер 10/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На IFA 2011 беа прикажани многу интересни корисни уреди и апликации со дигитална содржина какви досега не се видени. Клучните карактеристики на изложбата и на изложените производи беа: поврзаност меѓу производот и корисникот, мобилност на уредите, забава, и насоките во кои ќе оди 3Д во наредните фази. Колку е важен овој саем, кој е еден од најголемите светски саеми наменети за електроника за широка потрошувачка, покажуваат и бројките. На IFA 2011 направени се нарачки од 3,7 милијарди евра, Саемот го посетиле 238000 посетители, а свои производи изложувале 1441 изложувач на простор од 140200 квадратни метри!
Од 2 до 7 септември оваа година во Берлин се одржа IFA 2011, едно од најголемите техничко-технолошки шоуа на кое големите електронски гиганти им ги претставија своите најнови достигнувања на потрошувачите. Можеби многумина ќе се запрашаат зошто го претставуваме во овој број на ЕМИТЕР IFA, а не IBC саемот кој исто така се одржа во септември. Причината е едноставна: за IBC пишуваме редовно секоја година. За она што се случуваше и што беше презентирано на IBC ќе имате можност да прочитате во некој од наредните броеви на ЕМИТЕР. Овојпат прочитајте за IFA бидејќи сметам дека повеќето од вас, а особено помладите читатели, немале прилика да слушнат или прочитаат за некои интересни факти поврзани со овој саем за кој портпаролката на Sony Lucie Speciale вели: – На IFA 2011 беа прикажани многу интересни корисни уреди и апликации со дигитална содржина какви досега не се видени. Клучните карактеристики на изложбата и на изложените производи беа: поврзаност меѓу производот и корисникот, мобилност на уредите, забава и насоките во кои ќе оди 3Д во наредните фази.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.